Слика за себе и ниво на анксиозност кај родители што имаат деца со попреченост во Kичево

Реџепи,Л., 2024, Слика за себе и ниво на анксиозност кај родители што имаат деца со попреченост во Kичево

Abstract

Научното истражување на сензитивна проблематика се однесува на психолошката состојба на родителите, односно мајки и татковци кои имаат деца со попреченост и без попреченост. Конкретно ја истражува сликата за себе на овие родители и нивото на анксиозност, односно се споредува кај двете групи. Се користи научна цел на предикција, со диференцијален метод на две групи, испитаници родители кои имаат дете со попреченост и родители на просечно дете. Инструменти кои се користат во истражувањето се Розенберг скала за самодовербата и Скала ДАС –прилагодена за анксиозност согласно проблемот на истражување.
Од популација родители кои што имаат деца со попреченост и родители кои што имаат просечни деца, се работеше со пригоден примерок кој во моментот на истражување беше достапен. Вкупниот број во примероците со по 37 единици на анализа.
Собирањето на податоците на терен, се спроведе во тек на 2023 година на територијата на Република Северна Македонија, конкретно во град Кичево во соодветни институции.
Се добија научни сознанија кои насочија на тоа дека родителите кои што имаат дете со попреченост, имаат повисок степен на анксиозност и пониска слика за себе во споредба со родителите кои што имаат деца без попреченост. Тие упатуваат на превентивна работа на проблемот на анксиозност кај родителите кои имаат дете со попреченост, а истовремено и кај сите родители. Исто така се наведува неминовна потребата од работилници и предавања со кои ќе се работи на сликата за себе кај родителите и на нивната самодоворба, а со тоа подигнување на квалитетот на нивниот живот.
Клучни зборови: анксиозност, самодоверба, родители на деца со попреченост, родители на просечни деца