Семејството како агенс во процесот на социјализација и негово делување во развојот на психотичните растројства

Citation APA 7:
Костадиновска-Петковски, С. (2020). Семејството како агенс во процесот на социјализација и негово делување во развојот на психотичните растројства [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Костадиновска-Петковски, С., 2020. Семејството како агенс во процесот на социјализација и негово делување во развојот на психотичните растројства. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

28.12.2020

Citation APA 7:
Костадиновска-Петковски, С. (2020). Семејството како агенс во процесот на социјализација и негово делување во развојот на психотичните растројства [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Костадиновска-Петковски, С., 2020. Семејството како агенс во процесот на социјализација и негово делување во развојот на психотичните растројства. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Откривањето и лечењето на децата со психолошки растројства денес е еден од
најголемите предизвици со кои се соочува современата психијатрија. Јакнењето на
благосостојбата на семејството и на децата помага во добивање конечен резултат од овие
болести. Самите деца со нивната возраст се менуваат иако се под влијание на нивното
семејство и на социјалните системи во кои растат. Однесувањето на детето произлегува од
најраната возраст, а тоа се заснова на формираните односи со семејството, односно со
обата родители. Психосоцијалниот развој, резултатот од нивната комуникација и
социјална вештина која ја стекнува детето се однесуваат на веќе поставените семејни
односи и нивната темелност. Во таа насока, недоволното внимание од страна на
родителот, нестабилната емоционална врска на релација родител – дете, како и затворена
комуникација која не дава целосен пристап до психичката состојба на детето и неговото
ментално здравје, можат да бидат особена причина за појава на психотичните растројства
кај децата. Следствено, семејството е потребно да биде првиот систем кој ќе биде
запознаен со развојните процеси на своите деца.
Во рамките на овој труд, покрај приказ на теоретската рамка, спроведено е
квантитативно и квалитативно емпириско истражување, со цел добивање релевантни
податоци за да се извлечат ефикасни препораки, за во иднина, позитивна перцепција на
влијанието на семејството како фактор за спречување појава на психотично растројство
кај децата и младите во македонското општество и пошироко.

Keywords:

семејство, деца, психотични растројства, социјална грижа,
интервенции, социјални промени.