
Семејното насилство во современото општество
Citation APA 7:
Киклевска, К. (2020). Семејното насилство во современото општество [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Киклевска, К., 2020. Семејното насилство во современото општество. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за правни науки.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 29.01.2021 |
Citation APA 7:
Киклевска, К. (2020). Семејното насилство во современото општество [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Киклевска, К., 2020. Семејното насилство во современото општество. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за правни науки.
Abstract
Семејното насилство е глобална појава која е присутна во сите
општествени групи и претставува физичко, сексуално, психичко и економско
насилство или закана дека ќе се извршат слични дејствија на некои од
членовите во семејството. Насилството не е изолиран настан кој се случува
еднаш, тука претставува низа на дејствија кои постојано се повторуваат.
Без разлика во кој облик на насилство се случува и врз кој член од
семејството, семејното насилство структурално допринесува за
дисфункционалноста на самото семејство, а посебно претставува опасност за
развивање на пореметување во однесувањето на децата. Самиот факт дека
децата ако се неми набљудувачи или се жртви на овој вид на насилство,
покасно развиваат предиспозиции и тие самите да станат насилници. Со тоа, се
внесуваат во маѓичниот круг на насилство.
Семејното насилство се сфаќа како дел од приватниот живот. Проблемот
со семејното насилство опстанува заради негирање и молчење на повеќето
членови на општеството, но и несистематски и неконзистентни пристапувања
кон овој проблем од страна на релевантните државни институции. Еден од
клучните проблеми е исто така недостатокот на податоци за бројот на случаи на
семејно насилство, што потоа ќе послужат за подигнување на свеста на
државните органи и потребата итно да се реши горе наведениот проблем.
Keywords:
општествена група, семејно насилство, жртва, деца, државни
органи, свест.
