
Abstract
Тероризмот претставува глобален феномен со деструктивни последици врз поединците и заедниците. Неговата цел не е само физичка штета, туку и создавање психолошка паника и чувство на несигурност. Во услови на медиумска и дигитална поврзаност, ефектите на терористичките акти значително се засилуваат.
Иако постојат бројни дефиниции, тероризмот најчесто се третира како насилна, политички мотивирана и морално осудлива активност. Нападот врз САД на 11 септември 2001 година останува симбол на современиот тероризам, а Ал Каеда се смета за негов архетип. Сепак, јавната реторика често создава поедноставени слики за терористот, занемарувајќи ги комплексните социјални и психолошки корени на радикализацијата.
Технолошкиот развој внесе нови димензии: сајбер-тероризмот, дигитални напади врз критичната инфраструктура и користење криптирани платформи за координација. Радикализацијата и регрутацијата се префрлија во онлајн просторот, што ја зголеми транснационалната закана. Пандемијата Ковид-19 дополнително ја влоши ситуацијата, отворајќи простор за екстремни наративи и ерозија на довербата во институциите.
Современите трендови укажуваат на адаптибилност: манипулација со ранливи групи, експлоатација на нееднаквости и злоупотреба на жени и деца. Појавите како „сајбер-калифати“ бараат нови правни и безбедносни одговори.
Превенцијата се базира на комбинација на правосудни, безбедносни и социјални политики, чија ефективност зависи од адаптација кон новите предизвици и јакнење на општествената кохезија. Тероризмот е истовремено насилство и пропаганда, па неговото спречување бара координирани технолошки, правни и социјални стратегии.
Details
| Item Type | Master's thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA |
