Родителот како фактор за правилен психофизички развој на детето

Citation APA 7:
Свидерска Јовановска, М. (2022). Родителот како фактор за правилен психофизички развој на детето [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Свидерска Јовановска, М., 2022. Родителот како фактор за правилен психофизички развој на детето. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

03.11.2022

Citation APA 7:
Свидерска Јовановска, М. (2022). Родителот како фактор за правилен психофизички развој на детето [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Свидерска Јовановска, М., 2022. Родителот како фактор за правилен психофизички развој на детето. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Родителите, како најголеми авторитети, со своето здравствено-воспитно
влијание на детето, имаат пресудно значење во формирањето на личноста на детето
со правилен став кон неговото психофизичко здравје. Но, во време на длабоки
општествени промени, чиј заштитен знак е глобализацијата, брзиот научен и
технолошки напредок, богатиот свет на медиумски комуникации, како и промените
во семејството, улогата на родителот сѐ повеќе се усложнува.
На правилниот раст и развој на детето влијаат многу фактори, но навиките кои
тоа ќе ги стекне во детството најчесто се одржуваат во текот на целиот живот. Со
обезбедување на добра здравствена состојба уште од мали нозе, позитивно се влијае
на виталноста на детскиот организам во подоцнежните фази од животот.
Родителите треба да бидат свесни дека децата ги имитираат возрасните во сè,
па и во начинот на исхрана, рутините во текот на денот, па и користењето на
дигиталните технологии. Токму ова е и предметот на овој труд – улогата на родителот
во психофизичкиот развој на детето, односно свесноста за неговата улога во развојот
на децата и нивното однесување, со посебен акцент на правилната исхрана,
правилното структурирање на времето и правилното користење на дигиталната
технологија.
Трудот е организиран во три дела – теоретски пристап кон проблемот,
методологија на истражување и анализа на резултатите од добиеното истражување.
Во првиот дел е објаснета улогата и значењето на родителите во животот на
детето, што значи да се биде одговорен, како и компетентен родител, објаснети се
особините на успешните родители, како и потребата за нивна тимска соработка. Даден
е приказ на детскиот развој (когнитивен, емоционаен, социјален, јазично-говорен,
физички), а објаснета е и улогата на родителите во правилната исхрана на децата,
структурирањето на времето и користењето на дигиталните технологии и
последиците од грешките кои тие ги прават. Во овој дел е даден и преглед на
истражувања кои се поврзани со проблематиката на овој труд и кои се од интерес за
авторот на трудот и во насока на докажување на неговата хипотеза.5
Во вториот дел е претставена методологијата на истражување. Објаснет е
предметот на истражување, целите, методите, техниките и инструментите кои се
користени од страна на авторот, како и организацијата на истражувањето и начинот
на анализа на добиените резултати.
Во третиот дел од овој труд е дадена интерпретацијата на добиените резултати
од пополнетите анкетни прашалници наменети за родители – направена е
квантитативна и квалитативна анализа.
Трудот завршува со заклучни согледувања и преглед на литературата која е
користена во пишувањето на овој труд.

Keywords:

дете, родител, психифизички развој.