
Ризикот како елемент при управувањето со безбедноста на бензинските станици
Citation APA 7:
Наковски, Н. (2021). Ризикот како елемент при управувањето со безбедноста на бензинските станици [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Наковски, Н., 2021. Ризикот како елемент при управувањето со безбедноста на бензинските станици. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Ризикот како елемент при управувањето со безбедноста на бензинските станици |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering |
| Divisions | |
| Date Deposited | 16.09.2021 |
Citation APA 7:
Наковски, Н. (2021). Ризикот како елемент при управувањето со безбедноста на бензинските станици [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Наковски, Н., 2021. Ризикот како елемент при управувањето со безбедноста на бензинските станици. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Зголемената индустријализација и сообраќајот, како и користењето на нафтата и
нафтените деривати, доведоа до зголемување на концентрацијата на штетните материи,
кои и во мали количини се покажало дека имаат значително штетно влијание врз
здравјето на луѓето, биосферата и материјалните добра.
Подобрувањето на безбедноста на бензинските станици е поврзано со
идентификување на потенцијалните опасности од запаливи течности и други опасни
материи, со добра законска регулатива и спроведување на потребните превентивни
мерки, примена на соодветни активности за време на транспортот и правилно полнење
на гориво.
Со елиминирање на потенцијалните опасности на работното место оператор на
бензинска станица и управување со ризиците при ракување со запаливи течности, се
постигнува поголема безбедност, односно заштита од пожар и заштита при работа на
бензинските пумпи, но и заштита на животната средина.
Со примена на ергономските принципи и континуирано унапредување на
работните процедури за безбедност и заштита при работа во голема мера ќе се намали
бројот и нивото на повреди на работа и разни несреќни ситуации.
Keywords:
безбедност на бензинските станици, опасности на работното
место оператор на бензинска станица, ергономски принципи, животна средина
