
Различните манифестации на дела извршени од страна на психопат и социопат
Citation APA 7:
Никовска, М. (2020). Различните манифестации на дела извршени од страна на психопат и социопат [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Никовска, М., 2020. Различните манифестации на дела извршени од страна на психопат и социопат. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за правни науки.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Различните манифестации на дела извршени од страна на психопат и социопат |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 30.10.2020 |
Citation APA 7:
Никовска, М. (2020). Различните манифестации на дела извршени од страна на психопат и социопат [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Никовска, М., 2020. Различните манифестации на дела извршени од страна на психопат и социопат. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за правни науки.
Abstract
Главната цел на ова мое истражување ќе бидат одредени типови на лица со психичко
растројство познати под називите психопат и социопат. Јас ја одбрав оваа тема поради
улогата на овие лица, односно штетата која можат да ја предизвикаат со сторување на
тешки кривични дела, и начинот на кој тие тоа го манифестираат во општеството, но и
начинот на кој оклоностите во самото тоа општество влијаат врз нив.
Овие лица не се застапени во многу голем број, но сепак штетата која можат да ја
предизвикаат е доста голема. Тоа се лица со одредени специфики кои се издвојуваат од
другите, но сепак е многу тешко да се откријат на време нивните вистински намери
кои подоцна се манифестираат во општеството. Целта на моето истражување ќе биде
детално проучување на лица кои спаѓаат во групата на психопати и лица кои спаѓаат во
групата на социопати.
Исто така, многу е битен и начинот на кој тие ги извршуваат кривичните дела,
односно убиствата. Под начин на извршување на кривично дело се мисли на целосно
објаснување на сторувањето на делото, односно планот, оружјето, местото на кое е
извршено тоа дело, причината, типот на жртвата, сличноста помеѓу жртвите, бројот на
жртви и друго.
На крајот сметам дека е битно да се напомене и причината поради која тие го
извршиле тоа дело, причината за одбирање на самата жртва односно жртви, зошто на
тој определен начин го извршиле кривичното дело, дали чувствуваат вина за сторување
на кривичното дело и дали би го направиле повторно тоа, доколку имаат шанса за
повторно сторување.
Најчесто овие луѓе завршуваат со смртна казна или доживотна казна затвор во
зависност од правниот систем на една држава. Исто така, е битно да се напомене дали
оние кои се осудени на доживотна казна затвор, успеваат да се рехабилитираат,
односно да се ресоцијализираат и каков третман, односно какви мерки се преземаат за
нивната ресоцијализација, и дали воопшто мерките кои ги преземаат надредените лица
имаат некаква ефикасност, односно дали е постигната главната цел.
Keywords:
психопатија, социопатија, внатрегенерациско пренесување,
антисоцијално нарушување на лицата, хетерохромија, докази, жртви, ресоцијализација.
