Работна мотивација на вработените во јавните претпријатија во општините од малешевскиот регион

Сумрачка, М., 2025, Работна мотивација на вработените во јавните претпријатија во општините од малешевскиот регион

Abstract

Вештините и способностите на вработените го одредуваат начинот на кој поединецот дејствува во организацијата, но без мотивација, нивната корисност за организацијата не може да го постигне својот целосен потенцијал. Мотивацијата како генератор на консолидација на интелектуалната и физичката енергија во постигнувањето на целта е подложна на влијание на различни фактори, што резултира со варијации во насоката на работната активност и осцилации во нејзиното времетраење и интензитет. Професионалното и совесно извршување на задачите во претпријатијата од јавниот сектор нема само практична придобивка во вид на сервисирање на услуги од витално значење за граѓаните. Имено, тој зазема поширок општествен контекст и има длабоки психолошки импликации врз функционирањето на општеството и општата општествена клима. Затоа, разбирањето што ги мотивира вработените во јавните претпријатија да работат подобро, секако води до подобро функционирање на општеството. Овој труд, кој претставува еден чекор во таа насока, го истражува нивото на работна мотивација и мотивационите фактори кои ги мотивираат вработените во јавните претпријатија во општините од малешевскиот регион, сопосебен осврт на општините Делчево, Пехчево и Берово. Основата на истражувањето е претставена со теории за мотивација на кои автори од различни области ја даваат својата перспектива за прашањето на мотивацијата. Дополнително, овој труд, базиран на најновите теоретски сознанија и истражувања, дава увид во ограничувачките елементи кои влијаат на мотивацијата на вработените во јавниот сектор на Република Северна Македонија, а кои влечат корени во одредена социјална рамка која е резултат на културни и историски фактори. Имплементацијата на сите овие наоди резултираше со пофокусиран пристап кон прашањето на мотивацијата во конкретниот случај, а заклучоците од истражувањето може да се споредат со теоретските претпоставки на неодамнешните автори.

Details

Item Type

Master's thesis

Subjects

Divisions

Depositing User

Date Deposited

19.12.2025 11:00

Last Modified

19.12.2025 11:00

URL

Article Year

Co-Authors