Работа со бази на податоци и развој на sql server апликации во visual studio

Василевски,К.,2025, Работа со бази на податоци и развој на sql server апликации во visual studio

Abstract

Во последните години во образовниот систем, како секаде во светот, така и кај нас, се сретнуваат множество на иновации и нивно користење. Самиот тренд да се користи нешто ново од пазарот влијае на сите дејности во општеството. Примената на новите иновации во информатичкиот сектор влијае и го менува начинот на живот и целокупната организација на самата компанија.
Во која и да е дејност во општеството со користење на напреден софтвер и достапен интерфејс за ресурот кој е вработен во компанијата, се олеснува целокупниот процес на работа. Користењето бази на податоци дополнително врши пристап до сите внесени потребни податоци во базата како и нивнa обработка и измени.
Во овој Магистерски труд се врши обработка на значењето на базата на податоци, креирање и манипулирање со податоците од базата и развој на апликација каде ќе се прикаже конекцијата на апликацијата со базата на податоци. При креирање на интефејсот ќе се врши конекција од секоја форма до базата на податоци, како и додавање на податоци во табела, измена на податоци од табела, листање на податоци од табела и бришење на податоци од табела.
Стандардниот јазик SQL комуницира со MySQL кој е систем за менаџирање на базите на податоци. Останати системи за менаџирање со базата на податоци се MS Access, Oracle, Sybase, Informix, Postgres и SQL Server.
Во користење на SQL Server (како сервер за базата на податоци) и Visual Studio (како апликација за креирање на форми и конекција до серверот) успешно е креирана апликација за Хотел во која се презентирани сите можности и напредни технологии на користење за овие две апликации.
Самиот поим SQL Server е место каде се чуваат податоците од корисниците и целокупните потребни податоци за работа на претходно дефинирана апликација, без разлика дали се работи за Web апликација или Windows апликација.