Работа со бази на податоци и развој на SQL Server апликации во Visual Studio

Citation APA 7:
Василески, К. (2025). Работа со бази на податоци и развој на SQL Server апликации во Visual Studio [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Василески, К., 2025. Работа со бази на податоци и развој на SQL Server апликации во Visual Studio. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

06.10.2025

Citation APA 7:
Василески, К. (2025). Работа со бази на податоци и развој на SQL Server апликации во Visual Studio [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Василески, К., 2025. Работа со бази на податоци и развој на SQL Server апликации во Visual Studio. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.

Abstract

Во последните години во образовниот систем, како секаде во светот, така и кај нас,
се сретнуваат множество на иновации и нивно користење. Самиот тренд да се користи
нешто ново од пазарот влијае на сите дејности во општеството. Примената на новите
иновации во информатичкиот сектор влијае и го менува начинот на живот и целокупната
организација на самата компанија.
Во која и да е дејност во општеството со користење на напреден софтвер и достапен
интерфејс за ресурот кој е вработен во компанијата, се олеснува целокупниот процес на
работа. Користењето бази на податоци дополнително врши пристап до сите внесени
потребни податоци во базата како и нивнa обработка и измени.
Во овој Магистерски труд се врши обработка на значењето на базата на податоци,
креирање и манипулирање со податоците од базата и развој на апликација каде ќе се
прикаже конекцијата на апликацијата со базата на податоци. При креирање на интефејсот
ќе се врши конекција од секоја форма до базата на податоци, како и додавање на податоци
во табела, измена на податоци од табела, листање на податоци од табела и бришење на
податоци од табела.
Стандардниот јазик SQL комуницира со MySQL кој е систем за менаџирање на базите
на податоци. Останати системи за менаџирање со базата на податоци се MS Access, Oracle,
Sybase, Informix, Postgres и SQL Server.
Во користење на SQL Server (како сервер за базата на податоци) и Visual Studio (како
апликација за креирање на форми и конекција до серверот) успешно е креирана
апликација за Хотел во која се презентирани сите можности и напредни технологии на
користење за овие две апликации.
Самиот поим SQL Server е место каде се чуваат податоците од корисниците и
целокупните потребни податоци за работа на претходно дефинирана апликација, без
разлика дали се работи за Web апликација или Windows апликација.

Keywords:

сервер, софтвер,база на податоци,конекција, апликација