Психолошки карактеристики кај деца со недостаток на внимание со или без хиперактивност

Citation APA 7:
Наумовски, А. (2021). Психолошки карактеристики кај деца со недостаток на внимание со или без хиперактивност [Магистерска работа, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Наумовски, А., 2021. Психолошки карактеристики кај деца со недостаток на внимание со или без хиперактивност. Магистерска работа. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

21.10.2021

Citation APA 7:
Наумовски, А. (2021). Психолошки карактеристики кај деца со недостаток на внимание со или без хиперактивност [Магистерска работа, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Наумовски, А., 2021. Психолошки карактеристики кај деца со недостаток на внимание со или без хиперактивност. Магистерска работа. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Abstract

Во современото општество постојат вредности кои се засноваат на квантитетот
и квалитетот на производството и знаењето. Едно лице вреди онолку колку што
произведува. Производството стана цел, а човекот е само средство за таа цел. Во такво
опкружување, критериумите на човештвото, кои произлегуваат од сфаќањето дека
самиот човек е најважниот двигател на сопствениот развој и развојот на општеството
во целина, се игнорираат. На овој начин, лицата со посебни потреби добиваат етикети
на помала вредност, честопати без можност за остварување на основните човекови
права. Живееме во време на големи спротивности каде од една страна имаме можност
да учествуваме во неверојатни технолошки достигнувања, а од друга страна се
соочуваме со многу деца кои не можат целосно да функционираат на овој свет. Денес,
има околу 21 милиони деца со сериозен дефицит на внимание, нарушувања во
однесувањето или учењето, а илјадници нови случаи се дијагностицираат секој ден.
Постојат многу различни деца во светот. Овие разлики можат да се забележат
во нивниот физички изглед, како и во нивното однесување. Има такви деца кои се
затворени во себе, смирени, тивки и повлечени, но има и деца кои не можат да го
посветат своето внимание на нешто како целина и кои се немирни. Таквите деца
отскокнуваат и лесно се забележуваат. Порано, таквите деца беа нарекувани
невоспитани и беа казнувани. Но, подоцна беше откриено дека кај ваквите деца
мозокот работи на друг начин и тие се посебни поради тоа. Тие своето внимание го
насочуваат кон нешто друго, претежно на она што на нив им е поинтересно. Сега се
повеќе деца имаат проблем со нарушувања на вниманието и хиперактивноста, но за
ваквите деца веќе не се вели дека се невоспитани, затоа што се дијагностицирани со
(АДХД) – недостаток на внимание со или без хиперактивност.

Keywords:

АДХД, ВНИМАНИЕ, НАРУШУВАЊЕ, ХИПЕРАКТИВНОСТ,
КАРАКТЕРИСТИКИ