
Психолошка благосостојба и депресивност, анксиозност и стрес кај членовите на семејството на болен од деменција
Citation APA 7:
Стојмирска, А. (2021). Психолошка благосостојба и депресивност, анксиозност и стрес кај членовите на семејството на болен од деменција [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Стојмирска, А., 2021. Психолошка благосостојба и депресивност, анксиозност и стрес кај членовите на семејството на болен од деменција. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 03.02.2022 |
Citation APA 7:
Стојмирска, А. (2021). Психолошка благосостојба и депресивност, анксиозност и стрес кај членовите на семејството на болен од деменција [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Стојмирска, А., 2021. Психолошка благосостојба и депресивност, анксиозност и стрес кај членовите на семејството на болен од деменција. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Abstract
Деменцијата е синдром предизвикан од некое органско заболување на мозокот,
обично од хронична и прогресивна природа, кој се манифестира со повеќекратно
оштетување на високите кортикални функции, вклучувајќи го помнењето,
мислењето, ориентацијата, сфаќањето, сметањето, способноста за учење, јазикот
и расудувањето. Когнитивните оштетувања обично се проследени со
детериорација на емоционалната контрола и социјалните односи или мотивации.
Првобитното значење на изразот деменција ги опфаќало сите видови душевни
нарушувања (de: надвор од, mentia: ум, памет). Со други зборови деменцијата е
губење на постојаните и здобиените интелектуални способности.
Интелектуалната функција е сложена психичка состојба, базирана на мозаик од
меѓузависни и сè уште необјаснети способности (способност за запомнување и
учење на нов материјал, решавање на проблеми, апстрактно мислење, вербални
способности,аритметички способности, расудување). Промена во било кој сегмент
може да е почеток на деменција. Процената на овие психички функции воопшто
не е лесна, затоа што на секоја психичка функција дејствуваат разни влијанија кои
не се од органска природа, како што секултурните влијанија на средината,
образованието, емоциите, волевите активности. Деменцијата се јавува како
последица на разновидни мозочни оштетувања кои доведуваат до општо
пропаѓање на когнитивните способности, вклучувајќи оштетување на меморијата,
без оштетување на свеста. Освен нарушено памтење може да се јави и
нарушување на говорот (афазија), намалување на моторната способност
(апраксија), како и способноста за распознавање (агнозија). Ваквото
онеспособување на социјален и професионален план во голема мера влијае врз
расположението на болниот што од своја страна предизвикува промени во
однесувањето (конфузност, агитираност) кое истовремено влијае и врз неговото
семејство, поради што е неопходна брза дијагноза на болеста и прогноза на
истата со цел да се преземе соодветен медицински и социјален третман.
Клучни зборови: Деменција, Алцхајмерова деменција, Васкуларна деменција
стрес, анксиозност, депресија, психолошка благосостојба, семејство.
Keywords:
Деменција, анксиозност, семесјство.
