
Промоција на семејните вредности во Законикот на „Посебната сметка“
Citation APA 7:
Тошева-Николовска, Д. (2021). Промоција на семејните вредности во Законикот на „Посебната сметка“ [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Тошева-Николовска, Д., 2021. Промоција на семејните вредности во Законикот на „Посебната сметка“. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за правни науки.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Промоција на семејните вредности во Законикот на „Посебната сметка“ |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | .20.05.2021 |
Citation APA 7:
Тошева-Николовска, Д. (2021). Промоција на семејните вредности во Законикот на „Посебната сметка“ [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Тошева-Николовска, Д., 2021. Промоција на семејните вредности во Законикот на „Посебната сметка“. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за правни науки.
Abstract
Предмет на истражување на овој труд е еден Законик издаден во раните години од владеењето на Август во провинцијата Египет. Верзијата што е зачувана денес потекнува од вториот век н.е. Законикот е еден вид прирачник за потребите на една служба која потекнува од Птолемајскиот период, наречена „Посебна сметка“. Оваа служба се занимавала пред сè со конфискуваниот имот, со негова продажба, како и со решавање спорови што се однесуваат на ваков имот. Меѓутоа, кога Египет станува римска провинција, оваа служба добила многу повеќе овластувања и се создала потреба од составување на Законик, кој претставува еден вид епитом на Августовото законодавство. Тоа значи дека се употребени во голема мера законите што се издадени или под името на Август, или за време на неговото владеење, иако не се назначени експлицитно. Забележително е што повеќето од законите кои се основа на овој законик се однесуваат на промоција на бракот и на семејните вредности, а стануцва збор за Законик кој произлегува од службата за конфискување имот. Тоа е така, зашто голем дел од овие законски одредби се закони кои предвидуваат материјална казна и тоа е всушност заедничкото за речиси сите одреби: казната е или целосно или делумно конфискување на имотот на прекршителите. Но, поради тоа што во Египет има поинаква класификација на населението, правото доживува преобликување, па и во однос на овие закони што се однесуваат на семејните вредности. Имено, тие се дел од процесот „провинцијализација“, кој во одреден период го создава тоа провинциско право, што излегува надвор од рамките на провинцијата и добива генерално значење. Овде, всушност, во Законикот и во правните папируси од тој период на римската историја во Египет, го гледаме формирањето на провинциското право во областа на семејното право пред сè
Keywords:
Римско право, провинцијализација, Августовото законодавство, Законикот на „Посебната сметка“, Римски Египет, принкипат, локализирано право.
