
Професионалните предизвици и перспективи на административниот службеник во Република Северна Македонија
Citation APA 7:
Танчева, Р. (2023). Професионалните предизвици и перспективи на административниот службеник во Република Северна Македонија [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Держави
Citation Harvard:
Танчева, Р., 2023. Професионалните предизвици и перспективи на административниот службеник во Република Северна Македонија. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 25.10.2023 |
Citation APA 7:
Танчева, Р. (2023). Професионалните предизвици и перспективи на административниот службеник во Република Северна Македонија [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Держави
Citation Harvard:
Танчева, Р., 2023. Професионалните предизвици и перспективи на административниот службеник во Република Северна Македонија. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Како што светот брзо преминува од индустриската ера во ерата на
информациите, се појавија нови предизвици и се зголемија барањата од владите.
Ваквите промени носат нови предизвици за административните службеници. Тие сега
не само што ќе се прилагодуваат на меѓународната, економската, социјалната,
технолошката и културната средина, туку мора да работат заедно на решавање на
критичните прашања за заштита и унапредување на демократијата, зајакнување на
социјалниот и економскиот развој, обезбедување одржливост на животната средина и
управување со технолошките промени. Органите на власта на сите нивоа мора да ги
подобрат своите оперативни активности за да можат да се справат со проблемите на
нови начини и да ја заслужат довербата.
Административните службеници играат витална улога во органите и
институциите во кои работат. За да можат успешно да ги извршуваат своите задачи,
тие треба да развијат ефективни лидерски и административни вештини, за да можат да
се справуваат со промените во работењето што ги носи новото време.
Административниот службеник во своето работење е должен ги почитува
законските прописи и никогаш да не работи на начин за кој знае или се сомнева дека е
незаконски, непрописен или неморален. Тој не треба да подлегнува на притисоците за
извршување на противуставни и незаконски работни задачи од претпоставените.
Административниот службеник треба да ги извршува работите посветено и
професионално, врз основа на своите работни компетенции и правилата и процедурите
на службата.
Работните места на административните работници во јавната администрација на
државната власт генерално се поврзани со спроведување на јавната политика на
национално, регионално и локално ниво на власт. Како такви, работните места во
владата и јавната администрација се разновидни по природа и можат да покриваат
области, како што се: финансиите, човечките ресурси, даноците, информатичката
технологија, правото, јавното здравство и социјалните услуги.
Keywords:
административен службеник, закони, предности, статус, работни
задачи, одговорност.
