
Професионална миграција и квалитет на партнерска релација
Кузманоска, Е., 2025, Професионална миграција и квалитет на партнерска релација
Abstract
Овој магистерски труд ја истражува поврзаноста меѓу професионалната миграција и квалитетот на партнерските релации, со фокус на влијанието на физичката одвоеност во временски период од најмалку три месеци. Резултатите покажаа дека испитаниците генерално пријавуваат висок квалитет на партнерската релација и покрај физичката оддалеченост. Медијаните за сите димензии остануваат стабилно високи, што укажува на присуство на развиени комуникациски вештини, доверба и емоционална зрелост кај повеќето парови. Корелациската анализа откри силни и статистички значајни поврзаности меѓу сите релациски димензии, што ја потврдува нивната системска меѓузависност. Ниту една социодемографска променлива: пол, возраст, родителски статус, времетраење на врската, број или начин на одделување не беше идентификувана како статистички значаен фактор за разлика во перципираниот квалитет на релацијата. Ова упатува дека психосоцијалните ресурси, а не структурните фактори, ја одредуваат стабилноста на врската во контекст на миграција. Заклучокот на истражувањето е дека професионалната миграција сама по себе не го нарушува квалитетот на партнерските релации. Одржувањето на стабилна комуникација, доверба и емоционална поврзаност се покажуваат како најзначајни заштитни фактори. Трудот придонесува кон разбирање на современите партнерски динамики и упатува препораки насочени кон развивање релациски вештини и формирање програми за поддршка на мигрантските семејства.
Клучни зборови: професионална миграција, партнерски релации, комуникација, доверба, конфликт и психологија на семејството.
Details
| Item Type | Master’s thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| Date Deposited | 30.3.2026 12:00 |
| Last Modified | 30.3.2026 12:00 |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA | Кузманоска, Е., 2025, Професионална миграција и квалитет на партнерска релација |
