Професионална миграција и квалитет на партнерска релација

Citation APA 7:
Кузманоска, Е. (2026). Професионална миграција и квалитет на партнерска релација [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Кузманоска, Е., 2026. Професионална миграција и квалитет на партнерска релација. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

30.3.2026

Citation APA 7:
Кузманоска, Е. (2026). Професионална миграција и квалитет на партнерска релација [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Кузманоска, Е., 2026. Професионална миграција и квалитет на партнерска релација. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.

Abstract

Овој магистерски труд ја истражува поврзаноста меѓу професионалната миграција
и квалитетот на партнерските релации, со фокус на влијанието на физичката одвоеност
во временски период од најмалку три месеци. Резултатите покажаа дека испитаниците
генерално пријавуваат висок квалитет на партнерската релација и покрај физичката
оддалеченост. Медијаните за сите димензии остануваат стабилно високи, што укажува
на присуство на развиени комуникациски вештини, доверба и емоционална зрелост кај
повеќето парови. Корелациската анализа откри силни и статистички значајни
поврзаности меѓу сите релациски димензии, што ја потврдува нивната системска
меѓузависност. Ниту една социодемографска променлива: пол, возраст, родителски
статус, времетраење на врската, број или начин на одделување не беше идентификувана
како статистички значаен фактор за разлика во перципираниот квалитет на релацијата.
Ова упатува дека психосоцијалните ресурси, а не структурните фактори, ја одредуваат
стабилноста на врската во контекст на миграција. Заклучокот на истражувањето е дека
професионалната миграција сама по себе не го нарушува квалитетот на партнерските
релации. Одржувањето на стабилна комуникација, доверба и емоционална поврзаност се
покажуваат како најзначајни заштитни фактори. Трудот придонесува кон разбирање на
современите партнерски динамики и упатува препораки насочени кон развивање
релациски вештини и формирање програми за поддршка на мигрантските семејства

Keywords:

професионална миграција, партнерски релации, комуникација,
доверба, конфликт и психологија на семејството.