Професионализација на јавната администрација – реформски тенденции

Citation APA 7:
Давкова, Б. (2025). Професионализација на јавната администрација – реформски тенденции [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Давкова, Б., 2025. Професионализација на јавната администрација – реформски тенденции. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

4.6.2026

Citation APA 7:
Давкова, Б. (2025). Професионализација на јавната администрација – реформски тенденции [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Давкова, Б., 2025. Професионализација на јавната администрација – реформски тенденции. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.

Abstract

Магистерскиот труд се фокусира на процесот на професионализација на јавната
администрација во трите земји од Западен Балкан – Северна Македонија, Србија и Босна и
Херцеговина, со цел да се утврдат сличностите, разликите и предизвиците во нивните
административни реформи. Професионализасијата се разгледува како суштински дел од
пошироките процеси на европеизација и институционална консолидација, каде што
принципите на добро управување, транспарентност и деполитизација имаат централна
улога.
Во рамките на анализата се користени повеќе методолошки пристапи – дедукција,
индукција, анализа, синтеза и компаративен метод, со цел да се изгради аргументирана
слика за состојбата и трендовите на административните реформи. Истражувањето опфаќа
разгледување на законските рамки, стратешките документи и институционалните
механизми кои ги регулираат односите во јавната администрација, како и нивната
усогласеност со европските стандарди.
Резултатите покажуваат дека Србија има најконзистентна институционална
структура и најразвиен систем на обука и кариера, Северна Македонија бележи стабилен
нормативен развој, но сè уште се соочува со предизвици поврзани со политизацијата и
практичната примена, додека Босна и Херцеговина се соочува со ограничувања поради
својата децентрализирана уставна структура и неусогласените ентитетски системи.
Овој магистерски труд укажува дека вистинската професионализација не зависи
само од законската рамка, туку пред сè од политичката волја, институционалната
автономија и долгорочната стратегиска визија. Сите три земји бележат постепен напредок,
но потребни се посилни механизми за деполитизација, кадровска стабилност и регионална
размена на добри практики.

Keywords:

Професионализација; Јавна администрација; Европски стандарди;
Добро управување; Реформи.