
Проектирање и управување со системите за безбедност при работа во градежната индустрија
Радевска,Д., 2025, Проектирање и управување со системите за безбедност при работа во градежната индустрија
Abstract
Безбедноста и здравјето при работа претставуваат еден од клучните фактори за одржливо функционирање на секоја градежна компанија. Одговорноста за создавање безбедно работно опкружување не се базира исклучително на работниците или одделението за безбедност, туку е колективна обврска што мора да се поддржи и управува од највисоките структури на управување во компанијата.
Градежната индустрија се соочува со бројни безбедносни предизвици: работа на височина, манипулација со тешка механизација, изложеност на опасни материи и променливи временски услови. Систематското проектирање и менаџирање на системите за безбедност станува приоритет за секоја градежна компанија која се стреми кон одржлив раст, законска усогласеност и општествена одговорност.
Овој труд има за цел да понуди преглед на принципите на проектирање и менаџментот на системите за безбедност при работа, со анализа на адекватна студија на случај во градежна компанија. Во него се опфатени принципите на планирање, идентификација на ризици, развој на превентивни мерки, едукација на персоналот и следење на усогласеноста со законската регулатива. Бидејќи анкетата откри клучни слабости во културата на безбедноста, обуките, лидерството и контролата, во трудот се предлага модел кој претставува чекор кон систематско, мерливо и одржливо подобрување на безбедноста. Предложениот модел со соодветна поддршка од менаџментот, ќе ѝ овозможи на фирмата да ги намали повредите, да го зголеми моралот кај вработените и да ја подобри својата репутација.
Клучни зборови: безбедност при работа, обуки, безбедносна култура, едукација итн.
Details
| Item Type | Master’s thesis |
|---|---|
| Subjects | Engineering and Technology> Other engineering and technology |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| Date Deposited | 26.3.2026 12:00 |
| Last Modified | 26.3.2026 12:00 |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA |
