
Проблеми со ресоцијализација во институционалниот третман на малолетните сторители
Citation APA 7:
Прлески, Б. (2020). Проблеми со ресоцијализација во институционалниот третман на малолетните сторители [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Прлески, Б., 2020. Проблеми со ресоцијализација во институционалниот третман на малолетните сторители. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за правни науки.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Проблеми со ресоцијализација во институционалниот третман на малолетните сторители |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 30.10.2020 |
Citation APA 7:
Прлески, Б. (2020). Проблеми со ресоцијализација во институционалниот третман на малолетните сторители [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Прлески, Б., 2020. Проблеми со ресоцијализација во институционалниот третман на малолетните сторители. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за правни науки.
Abstract
Политиката на третман на малолетни сторители е сложен проблем, така што
изјавата за постоење криза во однос на потребата од воведување промени во постојната
пракса е секогаш релевантна. Реформата на институционалниот третман на малолетните
лица во судир со законот, примената на новата концептуална рамка, можноста за
афирмирање на нови облици и форми, а особено можноста за вложување на нови напори
во пракса, со право предизвикуваат интерес кај научната и професионалната јавност.
Долгорочното занемарување на проблемот со воспоставување на законски
пропишани институции и нерешавање на проблемот со трансформација на постојните
институции неизбежно бара итно и сеопфатно дејствување од надлежните органи.
Проблемите со институционалниот третман се манифестираат преку правна нејаснотија во
однос на воспоставување, финансирање и супервизија на професионалната работа на
одделни институции и спроведување на соодветни мерки на институционален третман на
младите луѓе во судир со законот, што значително влијае на очекуваната ефикасност на
институциите, нивната ориентациона програма или одразува различни пристапи на разни
подрачја во Република Северна Македонија.
Во овој труд ќе се обидам да укажам на повеќето фактори кои се клучни за појавата
на ова социјално отстапување, но и на сите мерки коишто треба да се спроведат за да се
стави крај на овој проблем. Во исто време, фокусот на трудот е на формите на
институционален третман на младите во спротивност со законот, како и на сите тешкотии
што постојат во самите институции, но и во примената на законот во пракса.
Keywords:
детско престапништво, малолетен сторител, воспитување,
ресоцијализација, институции, институционален третман.
