
Проблематично однесување кај децата во училишна возраст
Citation APA 7:
Панева, Г. (2020). Проблематично однесување кај децата во училишна возраст [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Панева, Г., 2020. Проблематично однесување кај децата во училишна возраст. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 07.07.2021 |
Citation APA 7:
Панева, Г. (2020). Проблематично однесување кај децата во училишна возраст [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Панева, Г., 2020. Проблематично однесување кај децата во училишна возраст. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
„Образованието треба да се стреми кон тоа да ја доведе моралната,
интелектуалната и физичката природа на учениците до совршенство, за тие да можат
да дадат најголем можен придонес за себе и за другите“ – Ема Харт Вилар.
Проблемот со нарушувањата во однесувањето на учениците е глобален
проблем. Збирот на елементи, како што се: пол, старост, социјален статус, ниво на
интелигенција, влијанието на телевизијата, моменталната економска ситуација,
образовниот систем, распадот на семејството, продлабочениот јаз меѓу богати и
сиромашни, неизвесноста на општеството, се дел од комплексот на фактори, коишто
можат да влијаат на појавата на нарушувања во однесувањата на децата. Насилното
однесување во училиштето, кое сѐ повеќе ја возбудува јавноста, е израз на конфликтот
и постоењето на насилно однесување во семејството на ученикот. Наставната програма
која е преобемна, учениците ги поставува во ситуација целото воннаставно време да го
поминат во учење со цел подготвување за настава за наредниот ден. Стилот на настава
кој се изведува и практикува во училиштето; насилното однесување на работното
место и институциите во кои се вработени родителите на ученикот, како и насилното
однесување на улица во градот каде што живее ученикот или во чие опкружување се
наоѓа ученикот, создава поволен амбиент да се прошират и зацврстат сите облици на
нарушено однесување на децата, учениците, младите и возрасните, при што многу од
нив се претвораат во насилници и се однесуваат насилно, а голем дел стануваат нивни
жртви, жртви на многубројни облици на насилно однесување. Училиштето и
одделението како средина во која се одвива ученичката интеракција, влијаат на тоа во
која форма и со кој интензитет насилното однесување ќе се случува и каква моќ на
влијание ќе имаат можните заштитни фактори и факторите на ризик. Училиштето како
институција во прв план ги става двете партнерски страни во воспитно-образовниот
процес: учениците и наставниците. Затоа, на наставниците не треба да се гледа само
како на предавачи или пренесувачи на знаење, нивната улога не е само тоа. Тие имаат
улога да ги оспособуваат учениците за понатамошно образование и живот. Наставниот
кадар со своето однесување е важен фактор во спречувањето и следењето на насилни
однесувања меѓу учениците, како и промена на асоцијалните облици на однесување во
просоцијални однесувања
Keywords:
деца, училишна воздраст, образование.
