
Притворот како мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во кривична постапка
Citation APA 7:
Тасев, Н. (2025). Притворот како мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во кривична постапка [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Тасев, Н., 2025. Притворот како мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во кривична постапка. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Притворот како мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во кривична постапка |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 20.10.2025 |
Citation APA 7:
Тасев, Н. (2025). Притворот како мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во кривична постапка [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Тасев, Н., 2025. Притворот како мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во кривична постапка. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.
Abstract
Личната слобода како една од основните и најзначајни слободи на човекот, по својата
суштина претставува сигурност на човекот во однос на државната власт и се сфаќа како
забрана на властите своеволно да ја одземат, па гаранциите од произволно ограничување и
лишување од слобода се содржат во многубројни меѓународни документи. Кога станува
збор за кривичната постапка воопшто, еден од основните меѓународно правни стандарди е
присуството на обвинетиот во постапката. Присуството на обвинетиот во кривичната
постапка е важно, а произлегува од фактот дека кривичната постапка се води против
индивидуално одредено лице, а во современата кривична постапка прифатено е како општо
правило – должност на обвинетиот да присуствува на кривичната постапка. Присуството на
обвинетиот е неопходно и поради реализација на основните начела на кривичната постапка.
Но, не се ретки ни ситуациите во пракса обвинетиот да не се јави на поканата или на некој
друг начин да биде недостапен на органите. Затоа кривичното законодавство предвидува
мерки со кои се обезбедува присуство на обвинетиот во кривичната постапка, меѓу кои е
мерката притвор, која е тема на овој магистерски труд.
Keywords:
Мерки, право, закони, постапка.
