
Принципите на административното право и нивната примена во јавниот сектор
Мојаноски,Р., 2025, Принципите на административното право и нивната примена во јавниот сектор
Abstract
Трудот го разгледува применувањето на принципите на административното право во јавниот сектор на Република Северна Македонија и нивната усогласеност со европските административни стандарди. Теоретскиот дел утврдува дека законодавната рамка во државата формално ги опфаќа основните принципи на европското административно право, поточно, законитост, транспарентност, отчетност, ефикасност и морална одговорност. Емпирискиот дел, заснован врз анкетен прашалник спроведен онлајн преку Google Forms на примерок од педесет испитаници, има за цел да ја испита перцепцијата на граѓаните за тоа дали овие принципи се реално присутни во практиката на јавната администрација.
Резултатите покажуваат дека постои видлива разлика меѓу нормативната усогласеност и нејзината реална примена. Поголемиот дел од испитаниците сметаат дека институциите само делумно ги почитуваат законите, а транспарентноста и ефикасноста не се на задоволително ниво. Истовремено, најголем процент од анкетираните укажуваат дека усогласувањето со европските стандарди е од голема важност за развојот на државната администрација и за зајакнување на јавната доверба.
Трудот заклучува дека јавната администрација се наоѓа во процес на формална хармонизација со европските стандарди, но практичната примена на принципите сè уште бара континуирани институционални и етички подобрувања. Утврдени се насоки за унапредување на административната култура, јакнење на одговорноста на службениците и воспоставување транспарентен, ефикасен и доверлив јавен систем во согласност со европските практики на добро управување.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: административно право; европска унија; хармонизација; транспарентност.
Details
| Item Type | Master’s thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| Date Deposited | 19.2.2026 12:00 |
| Last Modified | 19.2.2026 12:00 |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA | Мојаноски,Р., 2025, Принципите на административното право и нивната примена во јавниот сектор |
