
Примена на маркетингот во културниот туризам – споредбено со РСМ и Косово
Citation APA 7:
Алексовска, Љ. (2025). Примена на маркетингот во културниот туризам – споредбено со РСМ и Косово [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет, Свети Николе.
Citation Harvard:
Алексовска, Љ. (2025) Примена на маркетингот во културниот туризам – споредбено со РСМ и Косово. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет, Свети Николе.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Примена на маркетингот во културниот туризам – споредбено со РСМ и Косово |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 03.03.2025 |
Citation APA 7:
Алексовска, Љ. (2025). Примена на маркетингот во културниот туризам – споредбено со РСМ и Косово [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет, Свети Николе.
Citation Harvard:
Алексовска, Љ. (2025) Примена на маркетингот во културниот туризам – споредбено со РСМ и Косово. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет, Свети Николе.
Abstract
Во туристичкиот развој на едно подрачје, културните ресурси честопати се
ставени во позиција на промотор на развојот. Заедниците што ги поседуваат се
спремни нив да ги понудат на пазарот во форма на туристички производ. Притоа тие
добиваат економски параметри и се средство на економскиот развој, отвораат
можности за нови работни места, иницираат инфраструктурни подобрувања итн.
Позитивно е и тоа што културниот туризам може да се развива и во места што не се во
фокусот на главните развојни текови во една земја и во места што претходно не биле
цел на позначителни туристички посети.
Со самиот развој на културниот туризам сè повеќе се зборува за новиот начин
на користење на културата, при што акцент се става на квалитативните промени.
Грижата за квалитетот на ресурсите истовремено претставува грижа за квалитетот на
културно-туристичката понуда, што ја одредува конкурентската предност на
производот во рамки на културниот туризам. Затоа со цел остварување на
посакуваното ниво на квалитет на културниот туризам, тој треба да се развива во
контекст на концепцијата за одржлив туризам. Негативните ефекти од туристичкиот
развој врз културното наследство може да се идентификуваат преку неконтролираниот
и несоодветен третман на вредностите кога се во функција на туристичкиот развој.
Понатаму, можни се преценувања на атрактивната сила на културните атракции од
страна на локалната заедница, што може да резултира со несоодветни очекувања од
туристичкиот развој.
Keywords:
културен туризам, атракции, маркетинг, развој.
