
Примена на алтернативни санкции во казнено право
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 19.3.2026 |
Abstract
Современите казнено-правни системи се повеќе се оддалечуваат од казната затвор
како доминантна санкција, поради нејзините негативни последици – пренатрупаност во
затворите, висок рецидивизам и ограничена ресоцијализација. Како алтернатива, се
развиваат санкции кои имаат за цел да обезбедат поправка, ресоцијализација и хуман
пристап кон сторителите. Па така, овој труд ја анализира примената на алтернативните
санкции во Република Северна Македонија, преку нормативна и компаративна анализа, со
акцент на нивната законска рамка, практична примена и усогласеност со европските
стандарди.
Истражувањето покажува дека и покрај постоењето на соодветни законски
решенија, нивната примена е ограничена, што бара институционално унапредување и
подигнување на јавната и судската свест.
Keywords:
алтернативни санкции, казнено право, ресоцијализација,
рецидивизам, условна осуда.
