Превенција од мускуло-скелетните нарушувања поврзани со работата во текстилната индустрија

Citation APA 7:
Лазов, Ѓ. (2024). Превенција од мускуло-скелетните нарушувања поврзани со работата во текстилната индустрија [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Лазов, Ѓ., 2024. Превенција од мускуло-скелетните нарушувања поврзани со работата во текстилната индустрија. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

06.11.2024

Citation APA 7:
Лазов, Ѓ. (2024). Превенција од мускуло-скелетните нарушувања поврзани со работата во текстилната индустрија [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Лазов, Ѓ., 2024. Превенција од мускуло-скелетните нарушувања поврзани со работата во текстилната индустрија. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.

Abstract

Мускуло- скелетните нарушувања во текстилната индустрија кај работниците во оваа
индустрија имаат повторувачки движења, неправилна рабoтна положба и продолжено
работно време кое го поминуваат во седечка положба, па затоа често и се соочуваат со
овие нарушувања. Мускуло-скелетните нарушувања можат да се намалат само со
правилен пристап и обука за безбедност и здравје при работа на работниците.
За целите на ова истражување се испитани две работни позиции од текстилната
индустрија: шивачите и канцелариските работници. Овие групи се состојат од по 25
испитаници од кои во шивачите се само жени, а во канцелариските работници има
претставници и од двата пола и мажи и жени. Испитувањето е спроведено преку
прашалникот за мускулo-скелетни нарушувања поради работните активности.
Целта на ова истражување е да се дојде до сознанија за факторите кои влијаат на
појавата на мускуло-скелетни нарушувања кај работниците, односно на текстилните
работници (шивачи) и истите да се споредат со добиените податоци од канцелариските
работници.
Анализираните податоци од ова истражување покажуваат дека има статистички
значајна разлика во појавата на мускуло-скелетните нарушувања на работните позициишивачи и канцелариски работници,но исто така има статистички значајна разлика во
користењето на слободни денови поради болка или непријатности. Постои статистички
значајна разлика во продолжувањето на болката или непријатностите по завршување на
работната смена. Постои статистички значајна разлика во врска со нарушувањето на сонот
предизвикано од болката или непријатностите и исто така има статистички значајна
разлика во обука за безбедност и здравје при работа помеѓу двете испитани групи.
Голема е потребата за надополнување на недостатокот на обука за безбедност и здравје
при работа кај шивачите, кој претставува значаен фактор во придонесувањето на мускулоскелетни нарушувања кај оваа група на работници. Со спроведување на редовни и
сеопфатни обуки за безбедност и здравје, подобрување на работната средина, регуларни
медицински прегледи, создавање на култура за безбедност и здравје и промени во
организацијата на работа, може значително да го намали ризикот од овие здравствени
заболувања.

Keywords:

безбедност и здравје при работа, мускуло-скелетни нарушувања,
текстилни работници.