Превенција на криминалитетот во Република Северна Македонија

Citation APA 7:
Димитрова, А. (2021). Превенција на криминалитетот во Република Северна Македонија [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“

Citation Harvard:
Димитрова, А., 2021. Превенција на криминалитетот во Република Северна Македонија. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за правни науки, Студиска програма: Казнено право.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

26.10.2021

Citation APA 7:
Димитрова, А. (2021). Превенција на криминалитетот во Република Северна Македонија [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“

Citation Harvard:
Димитрова, А., 2021. Превенција на криминалитетот во Република Северна Македонија. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за правни науки, Студиска програма: Казнено право.

Abstract

Превенцијата на криминалот е процес на постојано менување и дополнување.
Како што се менува видот на криминалот, така се менува и видот на превенцијата, и со
тоа се менуваат, односно се зголемуваат аспектите на проучување. Превентивните
мерки се дел од контролата на криминалот, услов за безбедност во заедницата и во
општеството, генерално и придонесуваат за намалување на криминалните однесувања.
Покрај тоа, превенцијата е дел и составна компонента на криминалната политика на
секое општество и е вградена во стратешките планирања и развојот на политиките и
програмите за безбедност, внатрешни работи, социјален развој. Оттука, превенцијата
може да се разгледува како цел, вредност, програма, мерка, политика, односно резултат
на одредени активности преземени од страна на казненоправниот систем, но и од
пошироката заедница и граѓанскиот сектор, воопшто.
Поради тоа, обидот да се објасни самиот поим (како и многу други поими за
кои не постои единствена дефиниција) се чини како Сизифовска работа којашто бара
разгледување на различни пристапи и аспекти, кои бараат развивање на теории и
научни дебати.
Така Ван Дајк (1990) превенцијата на криминал ја дефинира како збир на
политики, мерки и техники, надвор од границите на казненоправниот систем која има
за цел да ги редуцира различните видови штета причинета од дејствија дефинирани
како криминални од страна на државата.
Од друга страна, Грахам смета дека казненоправниот систем има улога во
превенција на криминалитетот, особено во превенција на повторното криминално
однесување на сторителот кој веќе се „судрил“ со законот (терцијарната превенција).
Фриман (1992) терминот превенција го дели на два конститутивни дела: прогноза и
интервенција. Доколку сакаме да спречиме појава на криминал во одредена ситуација
или во одреден момент, треба да се направи прогноза која ќе го предвиди неговото
појавување. Значи, во реализацијата на превентивните мерки со помош на научните
методи треба да се предвиди каде, кога и како се појавува криминалот, и доколку има
сознанија за тоа, следниот чекор за таа појава да биде спречена, е успешна
интервенција. Она што научните методи го овозможуваат е да се откријат одредени
правилности во случувањето на криминалот, и врз основа на спознавањето на тие
правилности да се дефинира и самата интервенција.

Keywords:

криминал, ситуација, интервенција.