
Претприемништвото во современата и динамична економија со посебен осврт на жените претприемачи во Р С Македонија
Citation APA 7:
Јованова, З. (2021). Претприемништвото во современата и динамична економија со посебен осврт на жените претприемачи во Р С Македонија [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Јованова, З., 2021. Претприемништвото во современата и динамична економија со посебен осврт на жените претприемачи во Р С Македонија. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништвото.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 29.05.2021 |
Citation APA 7:
Јованова, З. (2021). Претприемништвото во современата и динамична економија со посебен осврт на жените претприемачи во Р С Македонија [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Јованова, З., 2021. Претприемништвото во современата и динамична економија со посебен осврт на жените претприемачи во Р С Македонија. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништвото.
Abstract
Овој магистерски труд претставува една поширока и сеопфатна анализа на претприемништвото во модерната и динамична економија како еден од клучните фактори за економската активност, остварување на потенцијалниот раст на економијата, воведување иновативни производи и процеси, како и начин за остварување личен и професионален развој. Во сегашната економија, која се одликува со постојани промени, улогата и придонесот на претприемачите се од огромна важност. Почнувајќи од времето на индустриската револуција до денес, забележани се драстични промени во економските активности. Овие промени во сегашната економија влијаат врз сите елементи на организациите, поради што компаниите мораат постојано да се менуваат со цел воспоставување рамнотежа помеѓу интерните (стратегијата и организациска структура) и надворешните (средината) организациски фактори. Во сите овие промени, луѓето се обидувале и пронаоѓале можности за инвестирање организирајќи компании преку обезбедување капитал, труд, суровини или воведување нови техники и производи и поставување врвни менаџери кои ќе бидат одговорни за оперативното функционирање на компанијата. Од особена важност за секоја економија е да овозможи и креира услови во кои претприемачите ќе бидат мотивирани во голема мера да ги имплементираат своите идеи и да преземаат ризици поради бенефитот на сите учесници во економијата преку креирање работни места, зголемување на националниот бруто-домашен производ, иновативноста и промовирање истражување и развој.
Keywords:
претприемништво, динамична економија, ризик, иновација, економски развој
