
Претприемничката мотивација како неопходност и како можност за развој на малите бизниси
Citation APA 7:
Мажевски, З. (2022). Претприемничката мотивација како неопходност и како можност за развој на малите бизниси [Магистерски труд]. Факултет за економија и организација на претприемништво, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Мажевски, З., 2022. Претприемничката мотивација како неопходност и како можност за развој на малите бизниси. Магистерски труд. Факултет за економија и организација на претприемништво, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Претприемничката мотивација како неопходност и како можност за развој на малите бизниси |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 29.09.2022 |
Citation APA 7:
Мажевски, З. (2022). Претприемничката мотивација како неопходност и како можност за развој на малите бизниси [Магистерски труд]. Факултет за економија и организација на претприемништво, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Мажевски, З., 2022. Претприемничката мотивација како неопходност и како можност за развој на малите бизниси. Магистерски труд. Факултет за економија и организација на претприемништво, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Мотивацијата претставува битна работа во секоја доба во животот. Во текот на
образованието поединецот мора да најди мотивација за да ги изработи задачите од
предметите кои не се во негов интерес, подоцна при вработувањето, поединецот мора да
се мотивира да работи одредени работни активности кои не се во негов интерес и сè така
во круг. Претприемачите, храбри поединци кои излегле од својата зона на комфор и
одлучиле да преземат голема одговорност и ризик, имаат голема потреба од мотивација.
Иако самовработувањето и започнувањето на бизнис звучат многу лесно, каде поединецот
сам себе е шеф и сам себе ја креира работата и текот на работата, во најголем дел од
целокупното делување на претприемачот, тоа е далеку од идеална ситуација. Многу
претприемачи се борат со голем број на проблеми истовремено, тргнувајќи од
администрација, основање на компанијата па се до квалитетна работа за да се прилагоди
на пазарот. Како резултат на тоа, претприемачите имаат многу одговорности, ризици и
проблеми па се наметнува потребата од висок степен на мотивација за да ја реализира
својата идеја на дело и да остане упорен.
Мотивација се оние фактори кои го предизвикуваат, го насочуваат и го поддржуваат
човечкото однесување и секогаш биле важни за претприемачите. Претприемачите, по
дефиниција работат со луѓе со цел да создадат вредност за купувачите. Бидејќи луѓето се
комплексни личности, нивната мотивираност не секогаш е лесно да се открие. Во однос на
мотивацијата постојат бројни теории. Се поставува прашањето како може претприемачите
да го искористат своето познавање за да го подобрат разбирањето за бизнисот.
Системскиот пристап на мотивирањето би бил најкорисен за претприемачите. Под
системски пристап се смета дека претставува систем од три варијабли: индивидуалните
карактеристики, карактеристиките на работата и карактеристиките на работната средина.
Магистерскиот труд обработува актуелна проблематика која вклучува аспекти на
мотивација на претприемачот при основањето и водењето на бизнисот, преку обработка
на различните теории на мотвација, како и личноста на претприемачот.
Keywords:
мотивација, претприемач, бизнис, опкружување, организација,
можности.
