
Поврзаноста помеѓу степенот на образование и семејното насилство
Citation APA 7:
Кузманова, С. (2022). Поврзаноста помеѓу степенот на образование и семејното насилство [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Кузманова, С., 2022. Поврзаноста помеѓу степенот на образование и семејното насилство. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Поврзаноста помеѓу степенот на образование и семејното насилство |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 25.05.2023 |
Citation APA 7:
Кузманова, С. (2022). Поврзаноста помеѓу степенот на образование и семејното насилство [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Кузманова, С., 2022. Поврзаноста помеѓу степенот на образование и семејното насилство. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Насилството претставува комплексен, повеќеслоен проблем на поединецот,
семејството и општеството. Комплексноста на проблемот, кој лесно се мултиплицира,
е изразена во фактот дека циклусот на насилство е тешко да се прекине. Последиците
од насилството го загрозуваат здравјето и животот на поединецот, репродуктивната и
економската моќ на заедницата.
Семејното насилство е исклучително сериозен проблем кој поминал многу
долг пат од начинот на препознавање, преку приватен проблем на самото семејство,
до сериозен општествен проблем и кршење на основни човекови права. Станува збор
за појава која се јавува во секое општество, во рамките на семејството или
партнерските односи, без оглед на возраста, полот, класата, образованието, верската
припадност или политичкото определување.
Семејното насилство не е изолиран, поединечен случај, туку претставува
шаблон на повторувачки однесувања. Се вбројува во „феномени со долго траење“ и
како социјално-патолошка појава која го следи развојот на семејството од самите
почетоци. Со поимот семејно насилство честопати како синонимен се наведува
поимот насилство над жените, иако насилството во семејството претставува поширок
поим – опфаќа и насилство над децата и постарите и немоќни лица, но и насилство
врз мажите. Без оглед кој од облиците на насилство се случува и на кој член од
семејството, семејното насилство структурално придонесува кон дисфункционалност
на семејството, а посебно придонесува кон развојот на нарушувања во однесувањето
кај децата.
Овој труд има за цел да ја согледа поврзаноста помеѓу степенот на образование
на жртвата и насилникот со семејното насилство. Исто така, треба да ги зголеми
знаењата во однос на разработената проблематика, како и да овозможи нејзино
подобро разбирање. Авторот се надева дека со овој магистерски труд ќе придонесе
кон зголемувањето на свеста за семејното насилство, нешто што е многу важно
посебно за традиционална и патријахална средина, како што, во поголемиот дел, е
македонската
Keywords:
Семејно насилство, образование.
