
Поврзаноста на самодовербата и музичката анксиозност при изведба кај музичари изведувачи од различен пол
Димитровска,Ј., 2025, Поврзаноста на самодовербата и музичката анксиозност при изведба кај музичари изведувачи од различен пол
Abstract
Во овој магистерски труд се истражува поврзаноста меѓу самодовербата и музичката анксиозност при изведба (MPA) кај музичари изведувачи.
Целта на истражувањето е да се разбере дали и во која мера самодовербата е поврзана со начинот на кој музичарите ја доживуваат анксиозноста поврзана со сценски настапи. Ова истражување е спроведено со употреба на Розенберговата скала на самодоверба (RSES) и Инвентарот за музичка анксиозност на Кени (K-MPAI), прилагодени за потребите на локалниот контекст.
Примерокот го сочинуваат професионални музичари изведувачи на возраст над 18 години. Анализата се заснова на корелациски пристап со цел да се испита јачината и насоката на поврзаноста помеѓу самодовербата и анксиозноста.
Очекувањата се дека повисокото ниво на самодоверба ќе биде поврзано со помала изведувачка анксиозност. Резултатите од ова истражување имаат практична вредност за анксиозноста при сценски настап кај музичарите.
Резултатите не покажаа поврзаност меѓу анксиозноста и самодовербата, при што се остава простор за понатамошни истражувања за поврзаноста на музичката анксиозност со други психолошки компоненти.
Клучни зборови: самодоверба; музичка анксиозност при изведба; музичари; психологија; самоефикасност; квалитет при изведба; пол
Details
| Item Type | Master’s thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| Date Deposited | 27.3.2026 11:00 |
| Last Modified | 27.3.2026 11:00 |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors |
