Поврзаноста на самодовербата и музичката анксиозност при изведба кај музичари изведувачи од различен пол

Citation APA 7:
Димитровска, Ј. (2026). Поврзаноста на самодовербата и музичката анксиозност при изведба кај музичари изведувачи од различен пол [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Димитровска, Ј., 2026. Поврзаноста на самодовербата и музичката анксиозност при изведба кај музичари изведувачи од различен пол. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

27.3.2026

Citation APA 7:
Димитровска, Ј. (2026). Поврзаноста на самодовербата и музичката анксиозност при изведба кај музичари изведувачи од различен пол [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Димитровска, Ј., 2026. Поврзаноста на самодовербата и музичката анксиозност при изведба кај музичари изведувачи од различен пол. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.

Abstract

Во овој магистерски труд се истражува поврзаноста меѓу самодовербата и
музичката анксиозност при изведба (MPA) кај музичари изведувачи.
Целта на истражувањето е да се разбере дали и во која мера самодовербата е
поврзана со начинот на кој музичарите ја доживуваат анксиозноста поврзана со
сценски настапи. Ова истражување е спроведено со употреба на Розенберговата скала
на самодоверба (RSES) и Инвентарот за музичка анксиозност на Кени (K-MPAI),
прилагодени за потребите на локалниот контекст.
Примерокот го сочинуваат професионални музичари изведувачи на возраст над
18 години. Анализата се заснова на корелациски пристап со цел да се испита јачината и
насоката на поврзаноста помеѓу самодовербата и анксиозноста.
Очекувањата се дека повисокото ниво на самодоверба ќе биде поврзано со
помала изведувачка анксиозност. Резултатите од ова истражување имаат практична
вредност за анксиозноста при сценски настап кај музичарите.
Резултатите не покажаа поврзаност меѓу анксиозноста и самодовербата, при
што се остава простор за понатамошни истражувања за поврзаноста на музичката
анксиозност со други психолошки компоненти.

Keywords:

самодоверба; музичка анксиозност при изведба; музичари;
психологија; самоефикасност; квалитет при изведба; пол