
Поврзаноста на родителските стилови на воспитување и себепочитувањето кај адолесценти на возраст од 14 до 18 години од машки и женски пол
Citation APA 7:
Каранфиловска, Ф. (2023). Поврзаноста на родителските стилови на воспитување и себепочитувањето кај адолесценти на возраст од 14 до 18 години од машки и женски пол [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Каранфиловска, Ф., 2023. Поврзаноста на родителските стилови на воспитување и себепочитувањето кај адолесценти на возраст од 14 до 18 години од машки и женски пол. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 27.04.2023 |
Citation APA 7:
Каранфиловска, Ф. (2023). Поврзаноста на родителските стилови на воспитување и себепочитувањето кај адолесценти на возраст од 14 до 18 години од машки и женски пол [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Каранфиловска, Ф., 2023. Поврзаноста на родителските стилови на воспитување и себепочитувањето кај адолесценти на возраст од 14 до 18 години од машки и женски пол. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Предмет на ова истражување е да се испита дали постои поврзаност на
родителските стилови на воспитување и себепочитувањето кај адолесцентите на возраст
од 14 до 18 години од машки и женски пол. Истражувањето е спроведено со пригоден
примерок од 182 ученици од прва до четврта година, кои учат во едно средно училиште
во општина Илинден. За целите на ова истражување беше користена ВС-скала за
процена на воспитните стилови на родителите од страна на учениците и Купер-Смитов
инвентар за процена на себепочитувањето на учениците.
Проблемот на ова истражување е проверен со квантитативна методологија, а
податоците се проверени со дескриптивна анализа, корелациска анализа и споредба на
аритметички средини помеѓу испитаниците со употреба на статистичка програма SPSS.
Врз основа на добиените резултати, може да се изведат бројни заклучоци, но ќе
ги издвоиме следните:
– Од добиените резултати може да ce види дека кај испитаниците најзастапен
воспитен стил и за мајката и за таткото е топлото воспитување, а потоа попустливо
воспитување, додека кај двајцата родители најмалку застапен воспитен стил е
ограничувачкото воспитување, па на крај ладното воспитување.
– Според добиените резултати, може да се заклучи дека воспитниот стил топло
воспитување позитивно корелира со себепочитувањето на адолесцентите, општиот
однос кон себе негативно корелира со воспитниот стил ладно воспитување, но нема
статистички значајна поврзаност и со попустливо и ограничувачко воспитување.
– Во ова истражување, според добиените резултати, е согледано дека помеѓу
испитаниците од машки и женски пол не постојат разлики во однос на
себепочитувањето, без оглед на родителиските стилови, но постојат разлики во
себепочитувањето со возраста на адолесцентите.
Keywords:
родителски стилови на воспитување, топло воспитување, ладно
воспитување, попустливо воспитување, ограничувачко воспитување, себепочитување
