Поврзаноста на духовноста со нивото на задоволството од животот кај стари лица

Citation APA 7:
Тасевска, К. (2021). Поврзаноста на духовноста со нивото на задоволството од животот кај стари лица [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Тасевска, К., 2021. Поврзаноста на духовноста со нивото на задоволството од животот кај стари лица. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

21.10.2021

Citation APA 7:
Тасевска, К. (2021). Поврзаноста на духовноста со нивото на задоволството од животот кај стари лица [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Тасевска, К., 2021. Поврзаноста на духовноста со нивото на задоволството од животот кај стари лица. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Abstract

Духовноста буди различни емоции, размисли и состојби кај секој поединец.
Таа не може да се стави во рамка затоа што е процес којшто се развива, менува и
гради во текот на животот. Земајќи ги предвид развојните фази низ коишто поминува
еден човек, старосната доба е период каде што оваа димензија е поизразена, при што
се контемплира на прашања поврзани со животот, неговата смисла, самото постоење
и смртта. Старите лица со соочуваат со смртноста на постоењето, пад на здравјето и
загуби. Тоа е период кога се рефлектира врз минатото и се бара да се изгради една
значајна целина. Доколку се успее да се постигне помирување и простување, се
доживува задоволство од животот и прифаќање на истиот таков како што бил. Но што
се случува доколку ова не се постигне? Старите лица влегуваат во очај, депресија и
животна огорченост. Постојат многубројни истражувања коишто упатуваат на
позитивна корелација помеѓу духовноста како дел од холистичкиот прстап кон
човекот и задоволството од животот кај старите лица. Резултатите од овие студии се
искористени со цел да им се помогне на лицата во оваа доба да постигнат поголема
целовитост и интегритет, а со тоа и поголемо задоволство од самиот живот. Сепак,
пред нив стои голем ѕид со кој неминовно се соочуваат и не треба да се занемари
тежината на процесот низ којшто поминуваат. Се надевам дека резултатите од новите
студии коишто ќе следат, ќе им помогнат да го изодат овој пат со поголема леснотија,
а можеби и ќе се сфати дека ѕидот не е ѕид, туку завеса низ која треба само да се
пројде.

Keywords:

духовност, старосна доба, задоволство од живот, развојни доби,
контемплација, рефлектирање.