
Поврзаност помеѓу врсничката социјална поддршка и отпорноста (резилиентноста) кај средношколската младина во Македонија
Citation APA 7:
Стефанова, М. (2023). Поврзаност помеѓу врсничката социјална поддршка и отпорноста (резилиентноста) кај средношколската младина во Македонија [Магистерска работа]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Стефанова, М., 2023. Поврзаност помеѓу врсничката социјална поддршка и отпорноста (резилиентноста) кај средношколската младина во Македонија. Магистерска работа. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 22.05.2023 |
Citation APA 7:
Стефанова, М. (2023). Поврзаност помеѓу врсничката социјална поддршка и отпорноста (резилиентноста) кај средношколската младина во Македонија [Магистерска работа]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Стефанова, М., 2023. Поврзаност помеѓу врсничката социјална поддршка и отпорноста (резилиентноста) кај средношколската младина во Македонија. Магистерска работа. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Адолесценцијата е критичен период за развој на мрежата на социјална поддршка и
изградбата на резилиентноста (отпорноста), особено во услови на стресни животни
ситуации. Поддршката од врсниците е идентификувана како значаен фактор во
поттикнувањето на резилиентноста (отпорноста) кај адолесцентите, и постојат
опсежни истражувања коишто ја анализираат врската помеѓу социјалната поддршка
и резилиентноста (отпорноста) кај оваа популација. Сепак, недоволен број
истражувања за оваа поврзаност се направени кај учениците од средните училишта
во Македонија. Ова истражување имаше за цел да ја истражи врската помеѓу
социјалната поддршка од врсниците и резилиентноста (отпорноста) на учениците во
средните училишта во Македонија. Употребен е квантитативен истражувачки метод,
користејќи го Прашалникот за социјална поддршка од врсниците и Скалата на
отпорноста за млади (CYRM). Резултатите од истражувањето покажуваат дека
поддршката од врсниците е позитивно поврзана со отпорноста кај адолесцентите.
Адолесцентите кои добиваат социјална поддршка почесто и за кои социјалната
поддршка е поважна, се покажуваат како порезилиентни (поотпорни).
Фреквенцијата и важноста на социјалната поддршка се позитивно поврзани со
релациската и личната резилиентност (отпорност). Не се најдени полови разлики во
однос на фреквенцијата на добивање на социјалната поддршка и важноста на
социјалната поддршка меѓу средношколците од машки и женски пол. Овие наоди
имаат важни импликации за потенцијални интервенции, коишто целат да ја зголемат
социјалната поддршка меѓу учениците во средните училишта, а со тоа да се зголеми
и резилиентноста (отпорноста) кај истата популација.
Keywords:
врсничка социјална поддршка, отпорност, средношколска
младина, прашалник за класа за поддршка на соучениците, скала за издржливост за
млади (CYRM), родови разлики, интервенции за ментално здравје.
