
Поврзаност помеѓу социјалната анксиозност и самодовербата кај учениците од средното образование
Citation APA 7:
Антевска, Л. (2025). Поврзаност помеѓу социјалната анксиозност и самодовербата кај учениците од средното образование [Магистерски труд, Факултет за психологија, Меѓународен славјански универзитет].
Citation Harvard:
Антевска, Л. (2025) Поврзаност помеѓу социјалната анксиозност и самодовербата кај учениците од средното образование. Магистерски труд. Факултет за психологија, Свети Николе.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Поврзаност помеѓу социјалната анксиозност и самодовербата кај учениците од средното образование |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 10.04.2025 |
Citation APA 7:
Антевска, Л. (2025). Поврзаност помеѓу социјалната анксиозност и самодовербата кај учениците од средното образование [Магистерски труд, Факултет за психологија, Меѓународен славјански универзитет].
Citation Harvard:
Антевска, Л. (2025) Поврзаност помеѓу социјалната анксиозност и самодовербата кај учениците од средното образование. Магистерски труд. Факултет за психологија, Свети Николе.
Abstract
Главното прашање на кое овој магистерскиот труд ќе треба да даде одговор е: „Дали
постои поврзаност помеѓу социјалната анксиозност и самодовербата кај учениците од
средното образование?“.
Истражувањето е спроведено на 112 испитаници ученици од средните училишта
(гимназии и средни стручни училишта) во Република Северна Македонија, односно од
градовите Куманово и Скопје. За мерење на социјалната анксиозност е користена
скалата за мерење на социјалната интеракција и анксиозноста (The Social Interaction
Anxiety Scale) чии автори се Маттик и Кларк (1998), која се користи за да се процени
преваленцата, сериозноста и третманот на социјалната фобија и социјалноанксиозните нарушувања. За мерење на самодовербата, користена е скалата за мерење
на говорничката самодоверба чиј што автор на оригиналната верзија е Гилкисон
(1942), но поради големиот број на ајтеми (104), една од најкористените верзии на оваа
скала е онаа на Пол (1966) која содржи 30 ајтеми. За мерење на цртата на личност
екстравертност-интровертност беше применета соодветна потскала од прашалникот за
мерење на цртите на личност EPQ, Ајзенк.
Во однос на внатрешната конзистентност на инструментот во овој труд иако бројот на
ајтеми беше 20, тој покажа висок Кромбах алфа коефициент α= 0.88 што ни кажува
дека инструментот ни дава стабилни и прецизни мерки за социјалната интеракција и
социјалната анксиозност на испитаниците во ова истражување. Во однос на
внатрешната конзистентност на инструментот за говорничка самодоверба во ова
истражување, Кронбах алфа коефициентот изнесува α= 0.93. Инструментот ни дава
стабилни и прецизни мерки за релијабилнста на говорничката самодоверба во ова
истражување.
Keywords:
анксиозност, социјална анксиозност, самодоверба, самодоверба во
говорењето, ученици, средни училишта.
