Поврзаност на невротицизам, согласност и отвореност за искуства со работна ангажираност кај млади вработени лица

Citation APA 7:
Талевска, Х. (2021). Поврзаност на невротицизам, согласност и отвореност за искуства со работна ангажираност кај млади вработени лица [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет].

Citation Harvard:
Талевска, Х. (2021) Поврзаност на невротицизам, согласност и отвореност за искуства со работна ангажираност кај млади вработени лица. Магистерски труд. Битола: Меѓународен славјански универзитет.

Details

Author(s)

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

25.06.2021

Citation APA 7:
Талевска, Х. (2021). Поврзаност на невротицизам, согласност и отвореност за искуства со работна ангажираност кај млади вработени лица [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет].

Citation Harvard:
Талевска, Х. (2021) Поврзаност на невротицизам, согласност и отвореност за искуства со работна ангажираност кај млади вработени лица. Магистерски труд. Битола: Меѓународен славјански универзитет.

Abstract

Целта на ова истражување е да се испита поврзаноста помеѓу невротицизмот,
согласноста, отвореноста за искуства и работната ангажираност кај млади вработени
лица. Истражувањето се темели на петфакторскиот модел на личноста развиен од Коста
и Мек Кре и концептот за работна ангажираност на Шауфели и Бакер. Истражувањето
беше спроведено во ноември 2020 година, со пригоден примерок од 112 испитаници,
млади вработени лица кои помеѓу себе се разликуваа во однос на нивната работна
позиција, работен стаж и дејност на компанијата во која во моментот беа вработени.
Невротицизмот, согласноста и отвореноста за искуства беа мерени со тестот NEO PI-R,
а работната ангажираност со тестот Utrecht Work Engagement Scale. Податоците беа
анализирани со користење на Пирсонов коефициент на корелација. Резултатите
покажаа дека поврзаноста помеѓу невротицизмот и работната ангажираност е
статистички значајна и негативна. Резултатите исто така покажаа дека отвореноста и
согласноста, како црти на личноста, не се статистички значајно поврзани со работната
ангажираност. Добиените сознанија имаат огромна корист при разбирањето на
структурата на личноста на вработените, разбирањето на работните однесувања и може
да бидат доста значајни за психолозите вработени во тие области.

Keywords:

невротицизам, отвореност за искуства, согласност, работна
ангажираност, петфакторски модел на личноста