Поврзаност на анксиозност и емоционално вредносните аспекти на сликата за себе (себепочитување) кај адолесценти

Citation APA 7:
Цветкова, Е. (2023). Поврзаност на анксиозност и емоционално вредносните аспекти на сликата за себе (себепочитување) кај адолесценти [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Citation Harvard:
Цветкова, Е., 2023. Поврзаност на анксиозност и емоционално вредносните аспекти на сликата за себе (себепочитување) кај адолесценти. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија, Свети Николе.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Citation APA 7:
Цветкова, Е. (2023). Поврзаност на анксиозност и емоционално вредносните аспекти на сликата за себе (себепочитување) кај адолесценти [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Citation Harvard:
Цветкова, Е., 2023. Поврзаност на анксиозност и емоционално вредносните аспекти на сликата за себе (себепочитување) кај адолесценти. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија, Свети Николе.

Abstract

Анксиозноста особено ако е присутна на повисоко ниво може негативно да се одрази
врз сликата за себе на адолесцентот. Анксиозноста може да предизвика несигурност, сомнеж во себе, чувство на инфериорност и негативно размислување. Адолесцентите
кои страдаат од анксиозност често се повеќе склони кон самокритика и
преувеличување на негативните аспекти од себе. Анксиозноста може негативно да
влијае на секојдневните активности, интеракциите со врсниците и генерално на
квалитетот на животот на адолесцентот. Во оваа смисла темата на анксиозност и сликата за себе кај адолесцентите
предизвикува посебен интерес на истражувачката јавност подолго време, а посебно
денес. Во таа насока е направено емпириско истражување на проблемот на анксиозност
и сликата за себе кај адолесцентите со примена на дескриптивен метод. Се применија
техника на тестирање-со Куперсмитов инвентар на самопочитување и скалирање со
скалата Дасс, прилагодена верзија со субскала на анксиозност. Резултатите укажаа на
средно ниво на анксиозност кај адолесцентите и поврзаност на варијаблите
анксиозност и сликата за себе кај адолесцентите во државата. Важно е да се забележи дека анксиозноста и сликата за себе кај адолесцентите можат
да бидат меѓусебно поврзани и меѓусебно да се зајакнуваат. Затоа, важно е да се
обезбеди поддршка на адолесцентите кои се соочуваат со овие предизвици. Ова може
да вклучува охрабрување, позитивно самоприфаќање, промовирање здрави стратегии
за справување со стресот и обезбедување емоционална поддршка преку разговор, работилници или барање стручна помош од психолози доколку е потребно.

Keywords:

анксиозност, слика за себе, адолесценција