Поврзаност меѓу степенот на самодоверба и степенот на анксиозност

Citation APA 7:
Ефтимова, Ц. (2021). Поврзаност меѓу степенот на самодоверба и степенот на анксиозност [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Ефтимова, Ц., 2021. Поврзаност меѓу степенот на самодоверба и степенот на анксиозност. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

12.03.2021

Citation APA 7:
Ефтимова, Ц. (2021). Поврзаност меѓу степенот на самодоверба и степенот на анксиозност [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Ефтимова, Ц., 2021. Поврзаност меѓу степенот на самодоверба и степенот на анксиозност. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Abstract

Основен проблем на ова истражување е да се утврди дали нивото на
самодоверба влијае врз степенот на анксиозност кај луѓето на возраст од 18 до 60
години во Штип, Република Северна Македонија. За истражувањето беше употребен
пригоден примерок на испитаници, вкупно 51 испитаник, од кои 35 беа жени, а 16
испитаници мажи. Испитаниците беа поделени во две основни групи во однос на
нивната возраст (од 18 до 30 години и од 31 до 60 години). Исто така, испитаниците
беа поделени и по други двe категории – степен на завршено образование и брачен
статус. За добивање на потребните податоци беа употребени анкетни прашалници, во
кои беа употребени: Скалата за проценка на степенот на самодоверба по Розенберг
(Rosenberg’s Self-Esteem Scale); и Инвентарот за мерење на степенот на анксиозност
(Stait-Trait-Anxiety-Inventory STAI).
Општата хипотеза на ова истражување е следната: „Со зголемување на нивото
на самодоверба, се намалува степенот на анксиозност кај луѓето во градот Штип,
Република Северна Македонија“.
Од добиените вредности беше пресметана дескриптивна статистика, а за
тестирање на хипотезата беше употребена линеарна корелација со Пирсонов
коефициент на корелација. Според добиените резултати, општата хипотеза се отфрла
или поточно важи тврдењето дека „Со зголемувањето на степенот на самодоверба, се
зголемува степенот на анксиозност кај испитуваниот примерок“. Во однос на возраста,
кај испитаниците од 18 до 30 години беше добиена позитивна статистички значајна
корелација со ниво на значајност (p<0,01), додека кај испитаниците од 31 до 60 години исто така позитивна корелација на ниво (p<0,05). Кај испитаниците од женски пол беше добиена исто така статистички значајна позитивна корелација, а кај мажите не беше статистички значајна добиената корелација, но сепак беше позитивна. Keywords:

Самодоверба, анксиозност, линеарна корелација, Скала по Розенберг, Инвентар за
мерење на анксиозност.