
Поврзаност меѓу образецот на семејно афективно врзување и резилиентните снаги кај адолесценти во однос на полот
Citation APA 7:
Бојковска Ѓорѓевиќ, С. (2025). Поврзаност меѓу образецот на семејно афективно врзување и резилиентните снаги кај адолесценти во однос на полот [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет
Citation Harvard:
Бојковска Ѓорѓевиќ, С. (2025) Поврзаност меѓу образецот на семејно афективно врзување и резилиентните снаги кај адолесценти во однос на полот. Магистерски труд. Факултет за психологија, Меѓународен славјански универзитет ,Свети Николе.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 25.03.2025 |
Citation APA 7:
Бојковска Ѓорѓевиќ, С. (2025). Поврзаност меѓу образецот на семејно афективно врзување и резилиентните снаги кај адолесценти во однос на полот [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет
Citation Harvard:
Бојковска Ѓорѓевиќ, С. (2025) Поврзаност меѓу образецот на семејно афективно врзување и резилиентните снаги кај адолесценти во однос на полот. Магистерски труд. Факултет за психологија, Меѓународен славјански универзитет ,Свети Николе.
Abstract
Афективната приврзаност според етолошкото разбирање на односите меѓу
младенчето и мајката, ја има основната функција на заштита од предатори. Боулби
истакна дека квалитетот на раната врска помеѓу детето и мајката влијае подоцна во
односите со важни луѓе во текот на животот, менталното здравје и социјалното
прилагодување на поединецот. Ставот што го нагласуваат Дојл и Морети е дека
сигурната афективна приврзаност и одржување на функциите на афективната
приврзаност кон родителите за време на адолесценцијата е заштитен фактор за
здравјето и развојот. Се смета дека периодот на адолесценција се карактеризира и со
тоа што постои шанса за обработка на искуство од претходните периоди на развој,
што претставува посебен предизвик во психосоветодавната и психотерапевтската
дејност. Афективната приврзаност се активира во стресни ситуации кога на
поединецот му е потребно помош или поддршка, за адаптација на стресни околности
и на крајот за преживување. Може да се каже дека поддршката е во опстанокот, т.е.
одржување на безбедност, основна функција на афективна приврзаност. Токму ова
ме насочи да размислувам во насока на тоа дека афективната поврзаност е во
корелација со резилиентните снаги што ги поседува индивудуата.
Keywords:
афективна приврзност, резилиентни снаги, адолесцент
