Положбата на република северна македонија кон надворешната политика од 1991 година до денес

Белулоска,Е., 2025, Положбата на република северна македонија кон надворешната политика од 1991 година до денес

Abstract

Во магистерската работа е анализирана надворешната политика на Република Северна Македонија од стекнувањето независност во 1991 година до современиот период. Истражувањето се фокусира на континуитетот и промените во надворешнополитичките приоритети, како и на предизвиците со кои се соочила државата во различни историски и политички контексти. Основната цел е да се објаснат клучните фактори што ја обликувале надворешната политика и да се процени нивното влијание врз меѓународната положба на државата, безбедноста и евроатлантските интеграции. Во рамки на трудот се применети методи на анализа и синтеза, компаративен пристап и анкетно истражување и со тоа се обезбеди интегрирано согледување на теоретските аспекти и практичните искуства. Главните резултати укажуваат дека надворешната политика на Северна Македонија постојано се движела меѓу ограничувањата на малата држава и стремежот кон интеграција во ЕУ и НАТО и дека најголемите предизвици биле поврзани со билатералните односи со соседите и регионалната динамика. Надворешната политика придонела кон зајакнување на меѓународната положба и безбедност на државата, но и дека остануваат нерешени прашања поврзани со односите со Бугарија и потребата од поактивно дипломатско присуство.