Полови разлики во анксиозност при оценување кај ученици во доцна адолесценција: ниво и стратегии за справување

Томовска,С., 2025,Полови разлики во анксиозност при оценување кај ученици во доцна адолесценција: ниво и стратегии за справување

Abstract

Во современиот свет во кој живее, се воспитува и се образува младата популација, се почесто се среќава појава на анксиозност, депресивни состојби и други слични ситуации за кои, или воопшто не се разговара или вешто се прикрива таквата состојба. Во училиштата, овие состојби први ги фокусираат училишните психолози и педагози кои даваат несебична помош, ако таа се побара од нив.
Но, учениците многу тешко ги споделуваат своите проблеми затоа што недостасува едукација од оваа област за сите релевантни фактори кои имаат непосреден контакт со учениците, а тоа се наставниците, родителите и самите ученици.
Адолесценцијата е мост помеѓу детството и зрелоста, во период помеѓу 11 – 20 година (понекогаш и до 25 год. во животот). Овој стадиум носи бројни промени кои се случуваат во физичкиот, менталниот, социјалниот, емоционалниот и сексуалниот развој на една млада личност. Тие се случуваат доста брзо, што може да влијае на појавата на несигурност, преосетливост, збунетост, страв и анксиозност, како кај адолесцентите така и кај родителите.
Секој адолесцент (како личност) е своја приказна и има своја динамика на раст и развој, но овие општи упатства можат да помогнат да се подготват и да се разберат предизвиците низ кои треба да се помине во текот на типична адолесценција. Учениците кои се во адолецентен период сметаат дека потребно е едуцирање на менталното здравје преку кое им се отвораат можности да ги разберат индивидуалните промени во овој период за себе, како и за своите врсници околу нив.
Наставниците и стручните служби во училиштата сметаат дека потреба за едукација има затоа што многу е тешко да се разбере овој адолесцентен период, што доживуваат самите ученици, како се справуваат со состојбите на анксиозност, бес, депресивни напади и други психолошки состојби.