
Половата дискриминација: Правни аспекти и предизвици во Европа и во Република Северна Македонија
Citation APA 7:
Стеваноска, К. (2025). Половата дискриминација: Правни аспекти и предизвици во Европа и во Република Северна Македонија [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет, Битола.
Citation Harvard:
Стеваноска, К., 2025. Половата дискриминација: Правни аспекти и предизвици во Европа и во Република Северна Македонија. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет, Битола.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Половата дискриминација: Правни аспекти и предизвици во Европа и во Република Северна Македонија |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 14.05.2025 |
Citation APA 7:
Стеваноска, К. (2025). Половата дискриминација: Правни аспекти и предизвици во Европа и во Република Северна Македонија [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет, Битола.
Citation Harvard:
Стеваноска, К., 2025. Половата дискриминација: Правни аспекти и предизвици во Европа и во Република Северна Македонија. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет, Битола.
Abstract
Половата дискриминација е сложен и упорен проблем што продолжува да ги обликува
општествата во Европа и во Република Македонија, влијаејќи врз јавниот и приватниот
живот. И покрај постоењето на софистицирана законска рамка и бројни институции
насочени кон борба против дискриминацијата, бројни празнини во спроведувањето и
културолошките стереотипи создаваат сериозни предизвици. Ова истражување се фокусира
на правните аспекти и специфичните предизвици што произлегуваат од половата
дискриминација, особено во сферата на казненото право, со цел да се предложат ефективни
мерки за подобрување на правната заштита и условите во институциите.
Во рамките на истражувањето беше применета мултидисциплинарна методологија,
која вклучуваше преглед на постојните правни документи и анализи, емпириска анкета со
репрезентативен примерок на 70 испитаници од различни возрасни, етнички и религиозни
групи, Користени се и податоци од национални и меѓународни извори, со цел да се утврди
степенот на усогласеност на македонската правна рамка со европските стандарди.
Методолошкиот пристап овозможи длабинско разбирање на природата на половата
дискриминација, нејзините ефекти врз различни општествени групи и слабостите на
постојните институционални механизми. Преку ова истражување понудивме голем број
препораки за подобрување на состојбата, но и за идни истражувања во оваа област.
Keywords:
полова дискриминација, казнено право, родовa еднаквост.
