
Подобрување на продажбата со помош на дигиталните технологии во насока на зголемување на лојалноста и задоволството кај потрошувачите
Ристовски,М., 2024, Подобрување на продажбата со помош на дигиталните технологии во насока на зголемување на лојалноста и задоволството кај потрошувачите
Abstract
Темата која што всушност е моето истражување и гласи: ,,Подобрување на продажбата со помош на дигиталните технологии во насока на зголемување на лојалноста и задоволството кај потрошувачите” e навистина доста интересна во последните години. Продажбата денес е модеренизирана и сѐ повеќе се усовршува и му го олеснува животот на поединецот. Како што веќе сме запознаени, традиционалната продажба во Република Северна Македонија сѐ уште е доста распространета и истата во споредба со дигиталната продажба не претставува само еден обичен процес на трансакција, туку процес на преговарање на релација продавач – купувач и зависи од меѓучовечките односи, однесувањето на продавачот,редот и дисциплината како и многу други фактори.Затоа, јас во моето истражување преку поставување на хипотезите, прикажување на истражувачките и релевантните варијабли, примероците и мерните инструменти, имам за цел да дадам одговор на прашањето: Колку често е застапена електронската продажба во Репулбика Северна Македонија и дали со нејзиното усовршување се зголемува и лојалноста кај купувачите? Исто така имам за цел и да направам компарација на традиционалната во однос на дигитална продажба преку прашалници кои се однесуваат на општи податоци за испитаниците, прашалници за квалитет на производ и квалитет на услуга и прашалници за задоволство на купувачите и лојалноста и преку нивната статистичка обработка може да заклучиме дека дигиталнaта технологија како начин на продажба, е сѐ повеќе во пораст, дека постојат сѐ уште нејзини недостатоци, но меѓутоа луѓето имаат верба во нејзино усовршување и сѐ повеќе се одлучуваат да пазаруваат онлајн. Сепак, дигитализацијата е нашата иднина и колку побрзо се приспособиме на истата толку подобро ќе биде за нас, со цел да си го поедноставиме секојдневното функционирање.
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ:
-продажба , дигитална продажба, онлајн продажба, маркетинг,реклама,интернет.
Details
| Item Type | Master’s thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| Date Deposited | 15.4.2024 11:30 |
| Last Modified | 15.4.2024 11:30 |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA |
