
Поддршката на семејствата кои одгледуваат лице со аутистичен спектар во домот
Details
| Item Type | Master’s thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| Date Deposited | 24.3.2026 12:00 |
| Last Modified | 24.3.2026 12:00 |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA | Николовска,Р,И., 2025, Поддршката на семејствата кои одгледуваат лице со аутистичен спектар во домот |
Abstract
Оваа магистерска работа се фокусира на искуствата и потребите на семејствата кои одгледуваат лице со аутистичен спектар во домот, со посебен осврт на примената на гешталт терапевтскиот пристап. Главната цел е да се согледа како родителите ја доживуваат достапната поддршка, кои предизвици ги среќаваат во секојдневието и како психолозите ја проценуваат ефективноста на различните форми на помош.
Истражувањето се спроведе во октомври 2025 година преку анкети на родителите и психолозите, користејќи Google Forms. Податоците беа обработени во Excel, при што беа користени проценти и графички прикази за поедноставно согледување на резултатите, додека отворените прашања овозможија да се истакнат искуствата и перцепциите на испитаниците на наративен начин.
Резултатите покажуваат дека семејствата користат комбинација од формална, неформална и психолошка поддршка, но постојат предизвици во нивната достапност и квалитет. Гешталт пристапот се покажа како значајна поддршка за емоционалната благосостојба на родителите, подобрување на семејната динамика и воспоставување на поефективен контакт со детето.
Оваа работа нуди увид во реалните потреби на семејствата со аутизам и ја истакнува важноста на интегрирање на хуманистички и системски пристапи во психосоцијалната поддршка. Со тоа се нуди основа за препораки и практични мерки за подобрување на квалитетот на поддршката во локалниот и поширокиот контекст.
Клучни зборови: аутистичен спектар на нарушувања, поддршка на семејствата, гешталт терапија, психосоцијална поддршка, искуства на родители, хуманистички пристап, семејна динамика, емоционална благосостојба.
