
Поддршката на семејствата кои одгледуваат лице со аутистичен спектар во домот
Citation APA 7:
Николовска Ристановска, И. (2025). Поддршката на семејствата кои одгледуваат лице со аутистичен спектар во домот [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Николовска Ристановска, И., 2025. Поддршката на семејствата кои одгледуваат лице со аутистичен спектар во домот. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Поддршката на семејствата кои одгледуваат лице со аутистичен спектар во домот |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 24.3.2026 |
Citation APA 7:
Николовска Ристановска, И. (2025). Поддршката на семејствата кои одгледуваат лице со аутистичен спектар во домот [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Николовска Ристановска, И., 2025. Поддршката на семејствата кои одгледуваат лице со аутистичен спектар во домот. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.
Abstract
Оваа магистерска работа се фокусира на искуствата и потребите на семејствата
кои одгледуваат лице со аутистичен спектар во домот, со посебен осврт на примената на
гешталт терапевтскиот пристап. Главната цел е да се согледа како родителите ја
доживуваат достапната поддршка, кои предизвици ги среќаваат во секојдневието и како
психолозите ја проценуваат ефективноста на различните форми на помош.
Истражувањето се спроведе во октомври 2025 година преку анкети на родителите
и психолозите, користејќи Google Forms. Податоците беа обработени во Excel, при што
беа користени проценти и графички прикази за поедноставно согледување на
резултатите, додека отворените прашања овозможија да се истакнат искуствата и
перцепциите на испитаниците на наративен начин.
Резултатите покажуваат дека семејствата користат комбинација од формална,
неформална и психолошка поддршка, но постојат предизвици во нивната достапност и
квалитет. Гешталт пристапот се покажа како значајна поддршка за емоционалната
благосостојба на родителите, подобрување на семејната динамика и воспоставување на
поефективен контакт со детето.
Оваа работа нуди увид во реалните потреби на семејствата со аутизам и ја
истакнува важноста на интегрирање на хуманистички и системски пристапи во
психосоцијалната поддршка. Со тоа се нуди основа за препораки и практични мерки за
подобрување на к
Keywords:
аутистичен спектар на нарушувања, поддршка на семејствата,
гешталт терапија, психосоцијална поддршка, искуства на родители, хуманистички
пристап, семејна динамика, емоционална благосостојба.
