Почетоците на идејата за граѓанско општество во теоријата за општествениот договор и правната култура во граѓанското општество

Citation APA 7:
Стојановска, А. (2021). Почетоците на идејата за граѓанско општество во теоријата за општествениот договор и правната култура во граѓанското општество [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Стојановска, А., 2021. Почетоците на идејата за граѓанско општество во теоријата за општествениот договор и правната култура во граѓанското општество. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

12.04.2021

Citation APA 7:
Стојановска, А. (2021). Почетоците на идејата за граѓанско општество во теоријата за општествениот договор и правната култура во граѓанското општество [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Стојановска, А., 2021. Почетоците на идејата за граѓанско општество во теоријата за општествениот договор и правната култура во граѓанското општество. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Ниедно политичко или правно прашање не е имуно на определена идеологија,
која тоа прашање ја содржи. И самиот начин на организација на општеството е
определена идеологија, односно самото општествено уредување е супстрат од
определена идеја, која повеќе или помалку живее во рамките на едно општество, многу
пати и заедно со определени општествени сили, кои заговараат некакво друго
уредување и друг начин на компонирање на општествените односи, па во тој контекст,
настануваат и идеолошки судири, како резултат на различни идеолошки матрици, кои
ги заговараат општествените сили.
Темата е дводелна, неспорно. Но таа дводелност не значи дека првиот и вториот
дел се сосема одвоени целини кои немаат никакви заеднички точки. Таквиот пристап
би бил погрешен од самиот почеток. Причините за тоа се повеќе.
Имено, појавата на некое ново политичко мислење, политичка идеологија, како
што тоа историски се случило со појавата на теоријата за општествениот договор,
силно влијаело и на правната, односно политичката култура, но не само еднонасочно.
Правната култура, а пред неа политичката, секако дека имале определено
влијание за појавата на политичката теорија на општествениот договор. Значењето на
теоријата за општествениот договор уште повеќе станува актуелна со ренесансата, која
го доживеа т.н. неолиберализам, во контекст на настаните кои се случија кон крајот на
XX век.
Паѓањето на сите други идеологии, односно политичко-идејни движења, кои
посебно беа силни низ целата историја на 20 век, како што беа: фашизмот, национал
социјализмот и комунизмот, на површина повторно ја изнесоа дебатата за тоа каде
идеолошки завршува човековата историја.
Од друга пак страна, политичката култура, која е основа на правната култура,
има битно значење за едно општество, во следењето и имплементирањето на процесите
кои се случуваат во светски рамки.
Правната култура е само дел од општата култура во рамките на едно општество.
Тоа тезата го покажува! Но, правната култура е и основа во процесот на градење на
„добро општество“ и појдовна основа кај промените кои неопходно ги бара
општествената реалност. Од некаде секогаш се поаѓа! А појдовна основа е тоа што веќе
постои. Правната култура, која веќе постои и е изградена во рамките на едно
општество, низ процесот на градење на правниот систем и општествените односи е
почетна позиција во дизајнирањето и имплементација на промените кои се
перманентни во сите општества.
Радикалните општествени промени, иако значат многупати раскин со минатото,
тие во себе секогаш носат дел од тоа што значи правна култура, искристализирана низ
процесот на живеење и градење на едно општество.
Македонската историја тоа го покажува. Градењето на македонска држава во
себе го носеше печатот на правната култура која веќе постоеше, па на неа, како на
своевидна база, се градеше, низ историјата на земјата, новата правна култура, која ја
бараа времињата низ кои живееше. Тоа што неспорно произлегува е дека за правната
култура треба повеќе да се става акцент низ правно-образовниот процес, за да се сфати
дека правната култура е битна гранка на општата култура во општеството, и тоа гранка
која има огромно влијание во креирањето на политичко-правниот амбиент во едно
општество, ако притоа ставиме знак на еднаквост на општество со држава.
Како што ниедна дебата во науката не е завршена, секако дека и оваа, која се
однесува на правната култура, никогаш не завршува, но дебатата, односно скепсата е
неопходен елемент за развојот на една наука.

Keywords:

либерализам, општествен договор, политички систем,
парламентаризам, култура, правна култура, политичка култура, закон, устав, правен
систем