
Перење пари како облик на нелегална финансиска активност
Петровски,Д., 2025, Перење пари како облик на нелегална финансиска активност
Abstract
Перењето пари денес е многу распространета појава. Се појавува како облик кој го следи организираниот криминал, кој на криминалните организации им овозможува легализација на средства стекнати со криминални дејности. Облиците на оваа организирана криминална дејност не се секогаш лесно воочливи и препознатливи, што значително ги отежнува како националните така и меѓународните напори во преземање мерки за ефикасно спречување и сузбивање на оваа појава. Перењето пари е дел од економскиот криминалитт и според степенот на општествена опасност спаѓа во најтешките видови на овој криминалитет, бидејќи ги погодува основните темели на дравата и нејзиниот систем. Самите последици од перењето пари се многубројни и се јавуваат во различни облици и на различни начини, но сите заедно имаат еден заеднички ефект во однос на државата и меѓународната заедница кој се гледа во дестабилизација и преобразба на постоечките социјални структури со создавање нови општествени групи богаташи.
Проблемите со перењето пари го погодуваат целиот свет, па сите земји се борат да го искоренат овој вид на криминал. Земјите кои несоодветно се спротивставуваат на перењето пари имаат голем проблем, затоа што не се интересни за странски инвестиции, со што се осудени на економска пропаст. Со оглед дека перењето пари е глобален проблем, неопходно е да се делува и на планот за јакнење на меѓународната соработка во оваа област за да се постигне успех во неговото решавање.
Details
| Item Type | Master’s thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| Date Deposited | 25.12.2025 13:30 |
| Last Modified | 25.12.2025 13:30 |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA | Петровски,Д., 2025, Перење пари како облик на нелегална финансиска активност |
