
Перципираните родителски стилови и обемот на панични напади кај нивните возрасни потомци
Citation APA 7:
Велковска, Б. (2020). Перципираните родителски стилови и обемот на панични напади кај нивните возрасни потомци [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Велковска, Б., 2020. Перципираните родителски стилови и обемот на панични напади кај нивните возрасни потомци. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Перципираните родителски стилови и обемот на панични напади кај нивните возрасни потомци |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 12.03.2021 |
Citation APA 7:
Велковска, Б. (2020). Перципираните родителски стилови и обемот на панични напади кај нивните возрасни потомци [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Велковска, Б., 2020. Перципираните родителски стилови и обемот на панични напади кај нивните возрасни потомци. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Abstract
Околу една петина од возрасната популација во текот на животот искусила паничен
напад, иако повеќето од овие луѓе не развиле панично нарушување. Паничните напади
се појавуваат во рамки на повеќе нарушувања, но и независно од нив. Истражувањата,
меѓу другото, го имплицираат и влијанието на воспитниот родителски стил во
етиологијата на нарушувањата, во кои се јавуваат панични напади, но недостасуваат
студии за поврзаноста меѓу родителскиот стил и паничните напади, што се јавуваат
надвор од рамките на одредено нарушување.
Целта на ова корелативно истражување е да се одреди дали родителскиот воспитен
стил (чии две клучни димензии се емоционална топлина и контрола или прекумерна
заштита) е поврзан со обемот на панични напади (број, зачестеност и присутност на
симптоми) што го искусиле испитаниците. Испитаници беа 104 возрасни луѓе со
панични напади без историја на психичко нарушување, кои пополнија два
прашалника: едниот дизајниран за ова истражување што го мери обемот на панични
напади и скратената верзија на прашалникот ЕМБУ (Egna Minnen av Bardnoms
Uppfostran) за перципираното однесување на двата родитела при воспитувањето.
Добиените резултати не се во потполност конзистентни со досегашните истражувања:
покажаа умерена поврзаност на обемот на панични напади со недостатокот од
родителска топлина и слаба поврзаност на истите со прекумерната родителска
заштита, а дискутирани се заклучоците од наодите, како и ограничувањата на истите.
Keywords:
панични напади, авторитарен родителски воспитен стил,
емоционална топлина, прекумерна заштита
