Паралела како депресијата се лечи со психотерапија и како духовноста им помага на тие луѓе

Citation APA 7:
Алексовски, С. (2021). Паралела како депресијата се лечи со психотерапија и како духовноста им помага на тие луѓе [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Алексовски, С., 2021. Паралела како депресијата се лечи со психотерапија и како духовноста им помага на тие луѓе. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

19.04.2021

Citation APA 7:
Алексовски, С. (2021). Паралела како депресијата се лечи со психотерапија и како духовноста им помага на тие луѓе [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Алексовски, С., 2021. Паралела како депресијата се лечи со психотерапија и како духовноста им помага на тие луѓе. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Abstract

Депресијата е тешка психо-физичка болест, која ги вклучува целото тело,
расположението и мислите, а се одликува со многу симптоми, и тоа: лошо
расположение, забавено мислење, проблеми со концентрација, лош апетит, чувство на
помала вредност, па дури и суицидни мисли. Ова страдање му е познато на човештвото од
памтивек, од времето на паѓањето во гревот. Уште Хипокрит опишувал слична психичка
состојба, која се нарекувала „меланхолија“. Во Светото Писмо, на страниците на Стариот
Завет може да се спомене и царот Саул, кому олеснување од тагата му носеле Давидовите
пслами. Денес, депресијата е голема закана за човештвото, затоа што сѐ поголем е бројот
на оние што боледуваат од неа. Сѐ почести се гласините како некој страда од психички
заболувања, а уште позастрашувачки е што од ден на ден сè повеќе се зголемува бројот на
оние коишто се заболени. Како причини за заболување од депресија можат да се
вклучат сите внатрешни и надворешни фактори. Внатрешни се: очајание, стрес,
безживотност, потиштеност, меланхолија, но тука се и надворешните фактори,
коишто се и најголемите причинители, а тие се: загуба на работното место,
лишување од своите замислени цели, прекумерно поминување време на социјалните
мрежи, смрт на личности, конфликти, значителни промени во животот, сериозни
болести, прифаќање на секаков порок итн.
Општо за човекот, најголема причина за заболување од депресијата првенствено е гревот,
односно високоумието за самите себе. Гордоста е првиот и најголем порок на човековата
душа. Таа дури може да се нарече и родител на останатите гревови, коишто
произлегуваат од неа. Гордоста во најголема мера е причина за депресивните растројства.
Друг битен фактор за настанување на депресијата е изложеноста на хроничен стрес,
којшто ја менува функцијата на мозокот, така што многу депресии можат да се објаснат со
акумулација на штетното дејствување на стресот. Дури и самата депресија може да се јави
како симптом на некои болести или пореметувања. Сепак, сите симптоми на депресија сѐ
уште не се сосема јасни.
Од сите истражувањата и испитувања, константирани се повеќе од 60 видови депресија.
Кога би се направила систематизација на депресивните растројства, тогаш може да се
3
каже дека се разликуваат соматогени, психогени и ендогени депресии. Соматогените
депресии се манифестираат како психички нарушувања поради некое соматско
заболување. Психогените депресии настануваат на „нервна основа“ што е резултат на
нервни потреси и конфликти (надворешни и внатрешени или душевни). Ендогените
депресии се развиваат „природно“. Овој вид на депресија се карактеризира со груба
дезорганизација на личноста поради издвојување од реалниот свет; сезонско застранување
(напролет и наесен се влошува самочувството) како и поизразено влошување на
психичката состојба во утринските часови. Постои уште еден вид депресии и тоа скриени
(маскирани). Се пројавуваат како различни телесни слабости (болки во срцето или
желудникот, главоболки итн.)

Keywords:

психичка состојба, истражувања , функција, нарушувања