
Организациската култура и коруптивните практики во невладините организации
Citation APA 7:
Илиевска, И. (2022). Организациската култура и коруптивните практики во невладините организации [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Илиевска, И., 2022. Организациската култура и коруптивните практики во невладините организации. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Организациската култура и коруптивните практики во невладините организации |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 29.12.2022 |
Citation APA 7:
Илиевска, И. (2022). Организациската култура и коруптивните практики во невладините организации [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Илиевска, И., 2022. Организациската култура и коруптивните практики во невладините организации. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Зголемениот број на случаи на корупција и нејзините значајни последици за
невладиниот сектор ја наметна потребата од посветување на поголемо внимание на темата
корупција и одговорност меѓу невладините организации на сите нивоа. Целта на ова
истражување е да ја испита поврзаноста на два феномени: организациската култура и
корупцијата меѓу невладините организации. Истражувачкиот примерок го сочинуваат 72
испитаници од 12 невладини организации поделени во 4 групи по 3 организации, согласно
четирите видови на организациска култура: кланска, адхократска, пазарна и хиерахиска.
Испитаниците се со различна полова застапеност, возраст и образовно ниво и со најмалку
1 година на вработување во невладината организација. За собирање на податоците
користени се Инструмент за оценување на организациската култура (Organizational Culture
Assessment Instrument – OCAI) и Прашалник за организациски коруптивни практики.
Истражувачките резултати ги потврдија истражувачките хипотези и покажаа дека постојат
разлики во толеранцијата на коруптивните практики помеѓу организациите со различен
вид на организациска култура, освен помеѓу кланската и адхократската и помеѓу
пазарната и хиерархиската организациска култура, како и дека постои позитивна
поврзаност помеѓу степенот на доминација на кланската и адхократската димензија и
толеранцијата на коруптивни практики и негативна поврзаност помеѓу степенот на
доминација на пазарната и хиерархиската димензија и толеранцијата на коруптивни
практики.
Keywords:
невладини организации, организациска култура, димензии на
организациска култура, коруптивни практики, толеранција
